fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Поевтинуваат влошките, пелените, тоалетната хартија, влажните марамчиња

Уште една убава вест!

Согласно одлуката, која денеска ќе биде на седница на Владата, се утврдуваат највисоки цени на тоалетна хартија, влажни марамчиња, пелени за деца и возрасни и хигиенски влошки што се применувале на 20 март во трговијата на мало, кои сега се намалуваат за 13 отсто, рече министерот за економија
По завршувањето на овие мерки за замрзнати цени, Бектеши рече дека додека има потреба за вакви одлуки тие ќе се носат, а најдоброто решение според него е да се усвои предлогот во делот на Законот за ДДВ за да има долгорочно решение за основните прехранбени и хигиенски производи.

Според анализите на Министерството за економија од 1 до 24 март годинава, цената на тоалетната хартија се движела од 94,8 до 205 денари и на оваа цена кога ќе се пресмета и ДДВ, би се движела од 111,8 денари до 241,9 денари. Повеќето од сите овие производи, односно 85 проценти се увозни. Цената, пак, на влажните марамчиња во просек се движела од 94,6 денари во јануари, 94,5 во февруари и 83,2 денари во март 2023 година, а царинска стапка за увоз е 6 проценти, без вклучен ДДВ. За пелените цената се движела од 36 денари за парче до 1.600 ден по кутија со многу пакувања и тука не е вклучен ДДВ, истакна Бектеши.

Најдоцна до понeделник ќе се знае и кои видови овошје и зеленчук ќе бидат со замрзната цена.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close