Топлотниот бран што ја зафати нашата држава влијае врз здравјето на луѓето. Докторите советуваат да се консумира лесна храна, пред се овошје и зеленчук.
Дали е потребен посебен третман на градинарските култури, ги прашавме земјоделските експерти.
Во услови на се поизразени климатски промени, особено на енормното затоплување, експертите препорачуваат дека треба да се земат основните мерки за адаптација за одржливоста на почвата која директно влијае врз земјоделските култури. Тоа се, покриеност на почвата со растителен покривач, зголемена органска материја, пораст на капацитетот за задржување на водата и намалување на количината на површинските истечни води.