Приведени 20 земјоделци за злоупотреби со земјоделски субвенции

(Oвој напис е објавен на: October 5, 2017)

Дваесетина лица во моментов се пред Судија на претходна постапка на распит, во скопскиот кривичен суд, поради сомнеж дека сториле злоупотреба на службена положба и овластување при распределба на земјоделски субвенции.

Од судот и од Обвинитеството засега ништо официјално не соопштуваат, но според неофицијалните сознанија, приведените се сомничат за сторена злоупотреба на службена положба и овластување, согласно член 353 став 5 од Кривичниот законик на РМ и нив им се заканува казна затвор од најмалку пет години.

Вршителот на должност, претседател на Основниот суд Скопје 1-Скопје, Стојанче Рибарев, официјално потврди дека има приведени лица, кои во моментов се пред судија за претходна постапка.

Тој не можеше да потврди дали станува збор за сомневања за злоупотребана службена положба и овластување, односно за сторени злоупотреби со земјоделски субвенции!

Според Рибарев, полицијата со приведување на осомичените започнала уште од девет часот, но дека тој не знае колку лица се осомничени и до кога ќе трае приведувањето.

Според најновите сознанија, најголемиот број од приведените се од Скопје, но има лица и од Гевгелија и од Валандово, а сите се товарат за злоупотреба на службена положба и овластување, соголасно член 353 став 5 од Кривичниот законик на РМ и нив им е запретена казна затвор од најмалку пет години.