fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Полицијата кај Сопотница фати камион со 19 кубици дрва без документација

Товарно возило „мерцедес“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(27) од с.Обедник, демирхисарско, било натоварено со околу 19 метри просторно огревно дрво без соодветна документација.

При преземање службени задачи, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола и Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Демир Хисар на место викано „Железнец“, атар на с.Сопотница, демирхисарско, затекнале товарно возило „мерцедес“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(27) од с.Обедник, демирхисарско, кое било натоварено со околу 19 метри просторно огревно дрво без соодветна документација.

Дрвата и возилото се одземени и предадени на Шумска полиција – Демир Хисар. Притоа, било утврдено дека дрвата ги превезува од склад на шумско претпријатие во с.Сопотница до склад на приватна фирма во истото село.

Полициски службеници извршиле контрола и во складот на фирмата, при што пронашле уште 20 метри просторно огревно дрво кои, исто така, биле предадени на Шумска полиција – Демир Хисар.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close