fbpx
Вести

Пријавување субвенции за житни култури

До 31-ви октомври истекува рокот за пријавување на субвенции за житните култури кои се предадени во преработувачките капацитети и во мелниците. Оваа финансиска поддршка ќе можат да ја користат земјоделците кои имаат површини од 10 до 50 хектари со приноси повисоки од просечните.

Земјоделците кои произведуваат пченица, јачмен, сончоглед, ’рж и овес можат да поднесат барање за добивање дополнителна субвенција од 4.800 денари за хектар.

Услов е житото да биде посеано со сертифициран семенски материјал на површини од 10 до 50 хектари и да биде предадено во индустриските преработувачки капацитети.

Исто така треба родот треба да биде поголем од просекот односно да се ожнеани минимум 4.000 килограми пченицата од хектар, 3.000 килограми јачмен, ’рж и овес или 1.800 килограми по хектар за сончоглед.

Барањата се доставуваат по пошта или директно во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close