fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Полската влада одлучи да не ги отвори границите за увоз на жито од Украина

„Последиците од оваа војна не смеат да имаат негативно влијание врз полското земјоделство. Или Европската комисија ќе се согласи да подготви регулатива со која ќе се продолжи забраната или ние самите ќе го направиме тоа. Ќе бидеме одлучни, ќе го браниме полскиот земјоделец“, рече полскиот премиер на прес-конференција во Варшава.

Полската влада одлучи да не ги отвори границите за увоз на жито од Украина на 15 септември, а и покрај одлуката на Европската унија, ќе дозволи само транзит, а доколку е потребно, подготвена е забраната за увоз да ја прошири и на други земјоделски производи од Украина, најави полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

„Последиците од оваа војна не смеат да имаат негативно влијание врз полското земјоделство. Или Европската комисија ќе се согласи да подготви регулатива со која ќе се продолжи забраната или ние самите ќе го направиме тоа. Ќе бидеме одлучни, ќе го браниме полскиот земјоделец“, рече полскиот премиер на прес-конференција во Варшава.

Моравјецки нагласи дека се што е лошо за полското земјоделство мора да се блокира, да се смени или да се платат компензации за тоа.

„Доколку има проблеми и нови сигнали за дестабилизација на другите земјоделски пазари, ќе го направиме истото. Полјаците заработуваат од транзитот на жито и тоа не се заканува со дестабилизација. Затоа го олеснуваме и овозможуваме тој извоз“, рече Моравјецки.

Полскиот министер за земјоделство, Роберт Телус, заедно со министрите за земјоделство на Романија, Бугарија, Унгарија и Словачка, побараа од ЕК, дури и по истекот на забраната за увоз; од Украина на 15 септември останува да важи за четири артикли – брашно, пченка, маслодајна репка и семки од сончоглед, а дозволен е само транзит.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close