fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Со европски пари се градат повеќе системи за наводнување низ целата држава

-Во финална фаза од изградбата се браната Конско, која е најголемиот инфраструктурен проект изграден во последните 50 години и изградбата на главниот цевковод Равен – Речица, додека пак, активно се работи на изградбата на браната на Оризарска Река. Само со овие проекти обезбедуваме наводнување за нови 10.000 хектари земјоделски површини, рече Николовски.

Како напредуваме со преговорите со ЕУ, така нашата држава би напредувала и во новите пристапни фондови. Верувам во вас и знам дека вие ќе го одберете патот на развојот и напредокот, порача денеска од Дебар министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Николовски посочи дека министерството и Владата се силно посветени во остварување на целта земјата да има модерни системи за наводнување, а за ова, како што рече, потврда се и повеќето започнати капитални проекти во делот на водостопанството.

-Во финална фаза од изградбата се браната Конско, која е најголемиот инфраструктурен проект изграден во последните 50 години и изградбата на главниот цевковод Равен – Речица, додека пак, активно се работи на изградбата на браната на Оризарска Река. Само со овие проекти обезбедуваме наводнување за нови 10.000 хектари земјоделски површини, рече Николовски.

Тој потенцираше дека со поддршка и средства на Европската Унија, градат повеќе системи за наводнување низ целата држава – системите за наводнување Славишко Поле, Конопница, Теарце, Чаушица и Пишица, кои се само дел од системите кои веќе се започнати со градба, а следува изградба на уште два нови системи во Сопот и Новаци. Инвестиција е вредна над 10 милиони евра.

-Значаен дел за развојот на македонското земјоделство е и ИПАРД програмта, каде сега со новата програма добиваме 97 милиони евра неповратни средства од Европската Унија наменети за модернизација на македонското земјоделство, рече министерот.

Според Николовски, „како напредуваме со преговорите, така нашата држава би напредувала и во новите пристапни фондови“.

– Пред нас се важни моменти за одлука, за да знаете да имате на ум колку е важно да не се поместиме, ниту вратиме назад од Европскиот пат. Ние како Влада го нудиме тој пат, кој значи развој и напредок, кој значи иднина. Од другата страна нудат блокади, тапкање во место и откажување од сите овие можности за вас граѓаните. Верувам во вас и знам дека вие ќе го одберете патот на развојот и напредокот, порача Николовски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close