fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Поплави во Скопје од невремето

Гази Баба има големи последици од невремето, самостојно се справуваме без никаква помош од Градот Скопје, вели Стефковски

Попладнево, Скопје беше зафатено од силно невреме. Една од најпогодените општини е Општината Гази Баба.

„Во повеќе населени места низ општина Гази Баба има паднати дрва, оштетени возила, неколку поплавени домови и сериозна штета по земјоделските поседи.

Уште додека траеше невремето го активирав штабот од општинската администрација кој е задолжен за постапување во вакви случаи. Отворивме телефонска линија на која граѓаните пријавуваат, а екипите на ЈКП Гази Баба делуваат со цел расчистување на теренот.

За жал голема штета има по земјоделските поседи во неколку населени места за што разговарав со идниот министер за земоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и заеднички заклучивме дека во текот на утрешниот ден ќе се работи на изнаоѓање на решение по ова прашање.

Со жалење можам да констатирам дека како општина сме оставени сами да се справуваме со последиците од невремето, без никаква помош од Градот Скопје иако имаме споделена надлежност на повеќе улици каде што има последици од невремето – изјави градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски за Курир.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close