fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Поповолни очекувањата за производство и порачки во преработувачката индустрија

Намалени се залихите на готови производи

Поповолни се очекувањата во преработувачката индустрија за порачки во март 2021 година, во однос на претходиот месец, поповолни очекувања има и за обемот на производство во наредните три месеци, но намалени се залихите на готови производи. 

Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, оценката за економската состојба на деловните субјекти во март 2021 година е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна и во однос на март 2020  година. Се очекува бројот на вработените да се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во март 2021 година изнесува 71,1  отсто од нормалното искористување,, а најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат недоволната странска побарувачка со 21,4 отсто, неизвесното економско опкружување со 15,9 отсто, недостигот на квалификувана работна сила со 14,9 отсто и недоволната домашна побарувачка со 14,2 отсто.https://nezavisen.mk/popovolni-ochekuvanjata-za-proizvodstvo-i-porachki-vo-prerabotuvachkata-industrija/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close