fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Поради африканската чума нема да поскапи свинското месо

Со уништувањето на околу 9.000 свињи, македонскиот пазар ќе го изгуби само вишокот на свинско месо што се користел во преработувачката индустрија

Нема да се појави недостаток на свинско месо во земјава, по случајот со „афринската чума“ на најголемата фарма во Општина Карбинци, во којашто треба да се уништат 9.000 свињи, изјави денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски.

Одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на ИПАРД 3 Програмата, Бабовски посочи дека со уништувањето на овие животни во оваа фирма, македонскиот пазар ќе го изгуби само вишокот на свинско месо што се користел во преработувачката индустрија. Нема потреба, вели Бабовски, да се манипулира дека по овој случај на африканска чума ќе се зголеми цената на свинското месо.– Точно е дека во производството на домашно свежо месо, бидејќи нашата држава е увозно независна, ќе се почувствува можеби мал недостаток. Затоа нема потреба од манипулирање со цени и зголемување на цените на свинското месо, бидејќи нашите производители на свинско месо ги задоволуваат потребите. Остануваше одреден вишок, којшто одеше во преработувачката индустрија и сега тој вишок ќе го изгубиме, истакна Бабовски.

Посочи дека со африканската чума за првпат е зафатен еден поголем објект, додека досега сите случаи биле изолирани и во помали земјоделски објекти.

– Во ова жариште, со првичните испитувања, откако се појавија првите смртни случаеви кај свињите, откриени се девет позитивни случаи. Меѓутоа се работи за болест што нема вакцина, ниту терапија, рече Бабовски.

Според него, ситуацијата е под контрола и од овој случај не треба да се прави политиканство.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close