fbpx
ВестиМакедонија

Поради КОВИД 19 измена во поднесувањето на барањата за субвенции за подмерката за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко

Поради КОВИД 19 се олеснуваат административните процедури за поднесување на барања за субвенции за предадено млеко. Владата на Република Северна Македонија на предлог на #МЗШВ, донесе Уредба со којашто се направи измена во поднесувањето на барањата за субвенции за подмерката за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко.

Конкретно со измената, поднесувањето на барањата за субвенции нема да го вршат сточарите кои ја користат мерката, туку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, податоците ќе ги презема директно од регистрираните откупувачи на сурово млеко.

Овие измени во делот на поднесувањето на барањата се направени поради состојбата со КОВИД 19, како дел од превентивните мерки, земјоделците да не одат до подрачните единици на МЗШВ и да не се изложуваат на ризик.

Слични написи

Back to top button
Close