fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Поради поплавите во Битолско без вода се селата од Кравари до граничниот премин Меџитлија

„Во текот на денешниот ден, со прекинато водоснабдувањето се населените места од Кравари до граничниот премин Меџитлија. Со оглед на временските неприлики и поплавените делови, екипите на терен се соочуваат со потешкотии при лоцирање на дефектот, поради што интервенцијата може да потрае подолго од вообичаено, соопштија од ЈКП Водовод Битола.

Денес без вода за пиење се над десеттина села во Битолско кои гравитираат на јужната страна кон граничниот премин Меџитлија.  Ноќеска врнеше силен дожд во Битола со 30 литри на метар квадратен. Нивоата на реките и каналите се зголемени, па дојде до излевање на неколку помали реки. Во селото Лажец голема вода се излеа од селската река и поплави повеќе објекти.  Поради поплавите има дефект на вовододната мрежа а стручните служби не можат да го лоцираат дефектот поради непристапни локации.

„Во текот на денешниот ден, со прекинато водоснабдувањето се населените места од Кравари до граничниот премин Меџитлија. Со оглед на временските неприлики и поплавените делови, екипите на терен се соочуваат со потешкотии при лоцирање на дефектот, поради што интервенцијата може да потрае подолго од вообичаено, соопштија од ЈКП Водовод Битола.

Екипи на јавните претпријатија во Битола веќе неколку дена се на терен на расчитување на состојбите од поплавите.

Центарот за управување со кризи информира дека pоради обилните врнежи од дожд во последното деноноќие на повеќе локации во државата се регистрирани зголемување на водостоите на реките како и одредени излевања, поплавени објекти и одрони, додека во битолски регион има излевање на реката Шемница кај с. Лера со поплавена куќа и штали. Во општина Новаци е прекинат патот кон рудникот Брод–Гнеотино поради надојдена вода од Црна Река. Во Преспански регион има излевање на реки во с. Царев Двор и Дрмени со поплавени куќи; Постои опасност од излевање и на Голема Река.(А.Б)

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close