Поради сушите поскапува маслиновото масло
За три до четири месеци ќе скокнат цените на маслиновото масло до 25 отсто.
Поради сушите во Шпанија, за три до четири месеци ќе скокнат цените на маслиновото масло до 25 отсто.
Дека ќе има поскапување предупредува водечкиот шпански извозник „Acisur“. Компанијата е вклучена во производството на повеќе од 200.000 тони маслиново масло годишно, од околу 1,4 милиони тони коишто годишно се произведуваат во Шпанија, а своите производи ги пласира во повеќе од сто земји во светот. Повеќето маслинки ги одгледува во Андалузија, на југот на Шпанија, која ја имала многу малку врнежи последните седмици. Шпанското производство сочинува скоро половина од светското маслиново масло. Шпанија, Италија и Португалија, последните седмици имаат екстремно високи температури и суша. Лани Шпанија произвела 1,4 милиони тони маслиново масло. https://faktor.mk/poradi-sushite-vo-shpanija-poskapuva-maslinovoto-maslo
foto freepik.com/joaquincorbalan