Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Корона, повисоки цени, ниски пензии, како пензионерите ја преживеаа 2021 година?

,,ПАРИ” анализа

Во јануари лани Фондот за пензиско и инвалидско осигурување изброја  323.503 корисници на пензија. Ни малку не беше лесна година за сите граѓани, а камоли за пензионерите кои освен што половина од нив имаат месечни примања до 14.000 денари, мораше да внимаваат и да не се разболат од корона поради и така хроничните болести со кои живеат. Како и да е, на крајот на годината 2021-ва Фондот забележал 5.067 пензионери повеќе отколку на почетокот на годината. Според последната статистика за декември лани во земјава бројот на корисници на пензии изнесува 328.570.

Просечната јануарска пензија изнесувала 15,650 денари. Согласно законското усогласување што се врши според движењето на индексот на трошоците на живот  најниските пензии добија покачување за 134 денари, а просечната пензија  за 185 денари. Во декември статистиката на ПИОМ забележала дека просечната пензија во земјава изнесува 15,876 денари.

Најголем дел од пензионерите во земјава ја стекнале пензијата по основ на работно право и нивниот број изнесувал 322,349 на почетокот на минатата година. По основ на воено право со пензија се обезбедиле 1,065 пензионери и по земјоделско право 89 пензионери. Состојбата во декември 2021 година изгледа вака: 327,535 пензионери се стекнале со пензија по основ на работно право, 961 воено право и 74 земјоделско право. Податоците говорат дека пораснал бројот на пензионери со примања обезбедени врз основа на работно право, а се намалиле кај воените пензонери и по основ на земјоделско право.

Најдобра пензија и во 2021-ва година продолжуваат да имаат воените пензионери. Во просек примањата на овие пензионери на почетокот на минатата година биле 22.951 денар. После нив се пензионерите со старосната просечна пензија која изнесувала 16.895 денари. На крајот на годината со усогласувањето просечната воена пензија се покачила на 23.108 денари, додека старосната на 17.140 денари.

Кај најниската просечна пензија земјоделската промената изнесува 97 денари, односно во јануари таа изнесувала 8,167 денари, додека во декември 8,264 денари.

МАКСИМАЛНИ ПЕНЗИИ

На почетокот на минатата година висината на максимални пензии се движела од 40,067 денари до 54,335 денари. Вкупно 2.580 пензионери во јануари се вбројувале во групата пензионери со максимални примања или нивното учество во вкупната структура изнесувало 0,8 %.

Во декември месец највисока пензија се движи од 40,548 денари до 57,992 денари. Бројот на пензионери корисници на најбогатите пензии се намалил на крајот на годината и изнесува 1.340 пензионери.

МИНИМАЛНИ ПЕНЗИИ

Најмали пензии земаат граѓаните што отишле во пензија во 1997 година. Висината на оваа пензија изнесува од 9,868 денари до 11,014 денари. Бројот на пензионери корисници на оваа пензија е 5.026.

Сепак позагрижувачки е бројката од 60.651 пензионер. Оваа бројка се пензионери кои заминале во пензија 2002-ра и тие влегувааат во минимални пензии со примања од 10,363 денари до 11,564 денари. Овие бројки во јануари лани покажале дека секој петти пензионер има пензија во висина до 11,564 денари.

Што покажуваат бројките на крајот на годината? Во декември во пензионери со најниски примања кои се стекнале во ’97-ма со пензија имаат пензии од 9,986 денари до 11,146 денари. Нивниот број за разлика од јануари на крајот на годината се намалил на 4.478 пензионери.

Што се однесува до најголемата група корисници на минимални пензии, тие на крајот на годината земаат пензии во висина од 10,487 денари до 11,703 денари. Нивниот број во декември изнесува 65.535 или тоа значи дека и на крајот на годината секој петти пензионери зема пензија до 11,703 денари.

Поврзани новости

Back to top button
slotbar   slotbar   slotbar   grandpashabet 8258   Jojobet 8237   onwin   onwin   fixbet   onwin   onwin   mrking   holiganbet   holiganbet   holiganbet   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   marsbahis   betewin   betewin   holiganbet   holiganbet   holiganbet   holiganbet   holiganbet   holiganbet   fixbet   fixbet   fixbet   fixbet   fixbet   fixbet   betsat   betsat   betsat   betsat   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   spinco   spinco   spinco   spinco   spinco   spinco   spinco   spinco   casibom   casibom   fixbet   betewin   mrking   fixbet   betewin   mrking   spinco   betewin   spinco   betewin   fixbet   betewin   spinco   matadoret   casibom   betsat   betsat   betsat   betsat   betsat   mrking   holiganbet   betparibu   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   casibom giriş   casibom   betgaranti   betebet   betebet   onwin   onwin   betgaranti   betgaranti   mrking   mrking   mrking   betebet   betebet   superbet   superbet   superbet   superbet   mrking   mrking   casibom   casinoper   bahisnow   casibom   betgaranti   betgaranti   slotbar   slotbar   onwin   onwin   rexbet   rexbet