Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Поранешен директор на Фондот за здравство стана управител на најголемата компанија за канабис во Македонија

Сашо Стефаноски, ќе ја управува најголемата компанија за одгледување на канабис во Македонија - НЈСК Холдинг, која е концентрирана со својата работа во Општина Петровец и има лиценца за извоз на сув цвет на европските пазари.

Поранешниот директор на Фондот за здравство, Сашо Стефаноски, ќе ја управува најголемата компанија за одгледување на канабис во Македонија – НЈСК Холдинг, која е концентрирана со својата работа во Општина Петровец и има лиценца за извоз на сув цвет на европските пазари.

 

Охриѓанецот Стефаноски во 2015 беше назначен на директор на Фондот за здравствено осигурување. Тој по професија е орален хирург, а претходно беше државен секретар во Министерството за одбрана и во Министерството за локална самоуправа. Бил и претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и кратко време на локалниот огранок на ВМРО-ДПМНЕ Центар.

Стефаноски потврди дека е нов раководител на најголемиот увозник на производи од канабис од Македонија, но и за „Фактор“ рече дека повеќе не е политички активен. Досега бил директор на оделот за оперативни работи во НЈСК Холдинг и дека неколку години работел за компанијата.

Стефаноски доаѓа на местото на Златко Кескоски, професор по безбедност, кој досега беше извршен директор на компанијата од нејзиното основање, а од порано познат и по тоа што беше потпретседател на Обединети за Македонија до 2010 и некогашен телохранител на поранешниот покоен претседател Борис Трајковски.https://faktor.mk/

Поврзани новости

Back to top button