fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Пораст на откупните цени на градинарските култури

Откупните цени на градинарските култури во Струмичко бележат раст. Доматите се откупуваат од 25 до 40 денари за килограм, пиперките од 40 до 50 денари, краставиците од 10 до 30, а лутите пиперки за 20 денари за килограм.

Откупните цени на градинарските култури во Струмичко бележат раст. Доматите се откупуваат од 25 до 40 денари за килограм, пиперките од 40 до 50 денари, краставиците од 10 до 30, а лутите пиперки за 20 денари за килограм.

Градинарите од Струмичко се задоволни од откупните цени и велат дека во споредба со изминатите неколку недели, кога цените беа ниски, денешните се добри за нив. Додаваат дека доколку се задржат на тоа ниво во наредниот период тогаш ќе се исплатливи за производителите.

-Во овој период завршува бербата од првите реколти, но почнува и новата така што со пласманот на производството од новата реколта се надеваме дека ќе ги покриеме производствените трошоци, но и да заработиме, изјави Драги Памуков, земјоделец од село Куклиш.

Според Ристо Велков од Сојуз на синдикати на земјоделски производители Струмица добро е што овој период има зголемена побарувачка за градинарското производство.

-Од денешните откупни цени сме задоволни и се надеваме дека овој тренд ќе продолжи и понатаму. Со овие цени ќе успееме да ги покриеме производствените трошоци, кои се многу поголеми во споредба со лани заради енергетската криза, рече Велков.

Градинарските култури од Струмичко се извезуваат во Хрватска, Србија, Романија, Бугарија, Грција и други земји од ЕУ, а покрај странците големи количини треба да откупат и домашните преработувачки капацитети.https://nezavisen.mk/porast-na-otkupnite-ceni-na-gradinarskite-kulturi-vo-strumichko/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close