fbpx
Агро бизнисВестиЛов и риболовТоп вести

Порибување на акумулацијата „Стрежево”

Подмладокот е од крап и пастрмка, околу 500 килограми од двата вида.

Денес Јавното претпријатие „Стрежево” – Битола, согласно Законот за рибарство и аквакултура, изврши редовно порибување на акумулацијата „Стрежево” со подмладок од крап и пастрмка, околу 500 килограми од двата вида со единечна маса и број на единки предвидени во Риболовната основа.
Целта е зачувување и заштита на автохтоните видови риби, како и одржување на популацијата на рибите во акумулација Стрежево.
За регулирање на активностите при порибувањето се грижеа сите релевантни субјекти кои присуствуваа и успешно се координираа на овој свечен чин (претставници на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Државниот инспекторат за земјоделство, овластената установа – изработувач на Риболовната основа, репроцентарот Акватика, претставници на медиумите, риболовни здруженија, заинтересирани граѓани, и се разбира надлежните лица на концесионерот, ЈП “Стрежево” – Битола).
Во време на големи предизвици, Стрежево продолжува по трасираниот пат, со принципиелна и посветена работа обезбедуваме соодветени решенија кои ќе бидат усогласени преку континуирани технички политики, а фокусот на сите нив води кон заштитата и унапредувањето на животната средина и квалитетот на нашите услуги.
Можно е да е слика од еден или повеќемина и body of water
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close