fbpx
ВестиЛов и риболов

Португалците јадат 57 килограми риба годишно, Македонците со 6 килограми се втори на Балканот

Европејците јадат најмногу риба во споредба со другите народи од светот. Сопствените ресурси на ЕУ за снабдување со риба на Европејците им стигнуваат само за првата половина на годината. Остатокот од потребните количини се набавува од увоз. Во последниот извештај објавен од страна на „Нова економска фондација“ (НЕФ) стои дека се менуваат навиките на граѓаните во ЕУ кои годишно трошат во просек околу 40 килограми риба на жител. Најмногу риба се јаде во Португалија – 56,8 килограми од лице, а Бугарија е на едно од последните места на потрошувачка на морска храна. Македонците, пак, се далеку под европскиот просек, но слични со Бугарите и Црногорците, кои јадат околу 6 килограми риба годишно на човек.

portugalcite jadat 57 kilogrami riba godishno makedoncite so 6 kilogrami se vtori na balkanot

 

Во Македонија годишно се произведуваат околу 700 тони риба, од кои 500 тони се од рибници, а 200 се топловодни видови риба од езерата. Иако имаме квалитетно производство на риба, Македонија е нето-увозник на риба и рибни производи.

Произведуваме 700 тони риба

Статистиката покажува дека поголемиот дел од увозна риба и рибни производи се замрзната морска риба со околу 50 проценти од вкупната вредност на увозот, потоа конзервирана риба и најмалку се увезува свежа риба.

Според статистиката, Македонецот годишно јаде 795 килограми храна. Од нив годишно дури 129,5 килограми отпаѓаат на житни зрна, од кои најмногу пченица 102,2 килограма. Kомпирот е на второ место со 65,1 килограми, а на второ шеќерот со 35 килограми. Од мешункастите плодови најмногу се јаде грав и грашок и тоа околу 7 килограми од лице. Секој граѓанин на Македонија годишно троши по 17,4 литри масло за јадење. И тоа најчесто рафинирано, односно сончогледово.

Што се однесува до консумацијата на овошје и зеленчук, годишно јадеме 193 килограми зеленчук на жител, и тоа најмногу домати и кромид. Јаболкото и портокалите се први кај овошјето. За истакнување е податокот дека еден Македонец годишно пие по 7,5 килограми кафе, какао или чај. Секој до нас консумира над 40 литри алкохол. Од месото, од вкупно 41 килограм, најмногу се јадат преработки од месо, а рибата е на последно место со 6,2 килограми. Најголем дел од рибата што ја јадеме е морска увозна, иако имаме речни риби од сопствено производство.

Истрошени ресурси

Во Европа над 50 отсто од нејзиниот увоз на риба потекнува од земјите во развој. Многу нивни жители се прехрануваат од риболовот и остваруваат приходи од него.

Европскиот извештај вели дека полека, но сигурно се исцрпуваат европските резерви со риба, а од друга страна, секоја година се зголемува употребата на риба во исхраната на нејзините жители.

Само три држави во ЕУ можат сами да ги покријат потребите од риба за цела година. Тоа се Ирска, Данска и Естонија. Грција и Холандија успеваат своите граѓани да ги снабдуваат со риба од сопствено производство до крајот на декември. Увезуваат количини само за два дена. Австрија, пак, има риба само за 19 дена и кај неа потребата за увоз се појавува уште на 19 јануари.

Дека се менуваат навиките на Европејците, говори и податокот дека пред триесет години ЕУ била во можност сама да ги покрие потребите од риба до септември или октомври, а во денешно време не успева дури до средината на јули.

Во извештајот стои дека тоа е загрижувачки тренд бидејќи како што расте консумацијата за риба, така се празнат океаните. Извештајот на ФАО покажува дека 31,4 процент од рибниот фонд во светот се подложени на истребување, а дури 58,1 отсто од водите се лошо експлоатирани. Речиси секоја држава-членка има изготвено програма за обновување на рибниот фонд. Резултатите од биоекономскиот модел на Европското рибарство покажуваат дека обновата на рибниот фонд треба да донесе 2.052.639 тони на риба годишно, што е еднакво на годишните потребите на 89,2 милиони луѓе.

Европскиот просек е 23 килограми на човек

Жителите на ЕУ јадат во просек по 23 килограми риба и морска храна за една година. Португалците се на прво место по потрошувачка на риба, со 56,8 килограми на човек годишно. Следува Литванија со 43,4 кг, Шпанија (42,4 кг), Финска (35,6 кг) и Франција (34,6 кг). Во Бугарија потрошувачката на риба е една од најниските во ЕУ и не надминува 6,6 кг на човек годишно.

На Балканот употребата на риба е од 2,2 килограма кај Србите, до 6,2 килограми кај нас.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close