fbpx
Вести

Најдобрите зимски зачини

najdobrite zimski zachini

Кога ја замислуваме зимата, се сеќаваме на топлите домови, зготвени јадења и празнични денови. За да си ја дозволите хармонијата на мириси, можеби треба својот дом да го збогатите со различни мириси и зачини.

Цимет

Нутриционистите постојано ја истакнуваат нутритивната вредност и здравствените бенефити од циметот, меѓу кои спаѓаат : намалувањето на нивото на холестеролот, врамнотежување на шеќерот во крвта, заштита од вируси и габични инфекции и тн. Освен тоа, мирисот на цимет е одличен мирис. Циметот е главна состојка на колачите, а и состојка на вареното вино кое се конзумира во текот на зимата.

Каранфилче

Овој зачин има специфичен мирис, кој има моќ да ве врати во детските денови. Освен што е состојка без која не може да се замисли вареното вино, тоа е одличен додаток во јадењата, а и супер комбинација со циметот во зимскиот чај кој штити од вируси. Се препорачува за подобрување на варењето и лечење на системот на варење и белите дробови, а исто така се смета и за природен антиоксидант.

Мускатно оревче

Ова оревче е едно од омилените новогодишни зачини. Одлично се вклопува во различни јадења (солени и слатки), но и во чаевите. Освен што се предлага да го додадете на печените јадења на самиот крајо, со него можат да се зачинат и супите, сосовите и колачи. Неговата најчеста употреба е во благите јадења. Тоа е и природен лек и афродизијак.

Ѓумбир

како и претходните зачини, и ѓумбирот може да се користи во различни јадења, а за студените денови се препорачува чај со ѓумбир. Освен што ќе ве загрее и ќе ја намали болката во вашето тело (менструалните и главоболката), тоа ќе ја намали мачнината и ќе го подобри варењето.

Нане

Нането е одлично за секоја сезона, а особено помага за намалување на дехидратацијата предизвикана од алкохолот и претераното јадење. Се користи во јадењата, но најпознат на нашите простори е чајот од нане кој ги намалува и болките во стомакот и го подобрува варењето.

Кардамом

Кардамомот, како и ѓумбирот се додава често во американските благи јадења. Тоа е одлично да се додаде во благите јадења, бидејќи тие добиваат лимонова арома. Пред употреба во солените јадења, кардамомот треба да се пропржи. Овој зачин е одличен за маринада за пилешко, а се препорачува и леб со кардамом, кој е традиционален норвешки рецепт. Кардамомот е природен лек кај проблемите со мокрењето, го потикнува апетитот и ја намалува покачената температура.

Ванила

Ванилата е еден од омилените зачини на нашите мајки и баби. Но, ванилата не треба да се меша со ванилиниот шеќер, бидејќи таа им дава сосема друг шмек на готвените јадења. Освен во јадењата, таа се користи и за опуштање и кој ја смирува забоболката и изгорениците. Освен тоа, добра е и за акните, но и се препорачува за бремените жени.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close