fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

ПОСКАПУВАЊА: Струјата, становите – дополнително ќе растат и цените во дуќаните и маркетите

Бран на идни поскапувања најавуваат стопанствениците, а очекувања за забрзување на инфалцијата очекуваат и економските аналитичaри.

Бран на идни поскапувања најавуваат стопанствениците, а очекувања за забрзување на инфалцијата очекуваат и економските аналитичaри. Народната банка веќе соопшти дека ја ревидираше стапката, па за годинава очекува стапка на инфлација од 2,2 проценти. Прогнозите за следните две години се нешто пониски односно два отсто во 2022 и во 2023 година. Очекувањата ги темели на анкета во која учествуваат и некои од креаторите на цените. Значајни зголемувања на цените во следниот период најавува корпоративниот сектор, а тој процес кој почна од стартот на годината продолжува во вториот квартал. Најголеми поскапувања сега се планираат токму во дуќаните за широка потрошувачка и во градежништвото.

„Во анкетата во март, од аспект на очекувањата кај корпоративниот сектор, раководителите на претпријатијата во трговијата на мало и градежништвото очекуваат значително зголемување на цените на нивните производи во следните три месеци, во споредба со претходниот квартал. Исто така, поизразено зголемување на цените очекуваат и раководителите на претпријатијата во индустријата, за првпат по три квартали на постојани очекувања за намалување на нивните цени, стои во анализата на Народната банка.

Во анкетата, исто така раст на цените очекувале и потрошувачите, додека пад единствено најавуваат раководителите во услужниот сектор, но малку поумерен во споредба со очекувањата од претходниот квартал.

Според економските аналитичари годинава стапката на инфлација ќе биде 1,8 отсто, додека Меѓшународниот монетарен фонд очекува раст на трошоците за живот од два отсто.

„Кога станува збор за патеката на идното движење на цените, поголемиот дел од домашните и меѓународните институции очекуваат постепено и умерено забрзување на стапката на инфлација во наредните две години. Овие очекувања во голема мера се одраз на очекувањата за постепено закрепнување на економската активност, како во глобални рамки, така и во домашната економија, велат од Народната банка.https://faktor.mk/poskapuvanja-strujata-stanovite—dopolnitelno-kje-rastat-i-cenite-vo-dukjanite-i-marketite

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close