fbpx
Вести

Последен рок за субвенции за лозарите

Денеска е последниот рок за поднесување на барањата за субвенции за предадено винско грозје во винарските визби. Лозарите годинава имаат право на дополнителни 2 денари за предадено грозје во домашните капацитети. За одржување на насадите висината на финансиската поддршка изнесува 40 илјади денари по хектар.

Лозарите ќе добијат дополнителни два денари субвенција за килограм винско грозје. Право на користење на овие пари ќе имаат земјоделците со лозови насади, и остварено и предадено производство во регистрирани винарници.

И винските визби кои имаат насади имаат право на овие субвенции доколку грозјето го искористиле за сопствени потреби.

Денеска е последниот ден за доставување на барањата кои се поднесуваат по електронски пат во подрачните едници на Министерството каде што е регистрирано земјоделското стопанство. Во прилог на барањето се доставува и потврда за предадените количества.

Без разлика на сортата лозарите и годинава ќе можат да користат и финансиска помош за оддржување на насадите.

По 40.000 денари за хектар ќе добиваат оние производители со површина од 2 декари до 5 хектари.

24.000 денари за лозјата до 30 хектари, и 12.000 денари за површина до 50 хектари. За повеќе од 50 хектари субвенцијата изнесува 4.000 денари.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close