fbpx
Вести

Во живинарските фарми се воведуваат нови стандарди и има можност за користење на средства од ИПАРД

zivina

На први октомври идната година, производителите на јајца, несилките треба да ги  одгледуваат според европските правила за благосостојба на живината.

Фармите ќе треба да направат адаптација на постоечките или да набават нови кафези за несилки, зошто оние кои сега се употребуваат, не ги задоволуваат новите критериуми, кои бараат помала населеност на живината.

На барање на производителите на јајца, воведувањето на оваа мерка еднаш веќе беше одложено, но, заклучно до септември 2019-та година ќе се реализира.

Живинарите може да аплицираат за ко-финансирање на инвестициите за оваа намена од ИПАРД програма, за што се очекува да бидат објавени уште два нови огласи.

Покрај средства од ИПАРД, одгледувачите на живина можат да ја користат и поддршката од националните програми за да го осовременат производството.

Според новиот систем за одгледување на несилки се бара или да се намали популацијата на несилки или да се набават нови кафези во фармите. Ова повлекува нови, поголеми инвестиции што реално ќе се одразат и на зголемување на цената на овој прехранбен производ, велат одгледувачите на живина.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close