Со построги казни и нови закони ќе се намалува загадувањето на воздухот и почвата
Од Град Скопје најавуваат засилени инспекциски контроли на општинските, службите од Државниот инспекторат и МВР, а очекуваат и воведување построга казнена политика со измените на Кривичниот Законик.
Деновиве кога маглата и загадениот воздух се споија во едно, а граѓаните едвај дишат на отворено, и покрај маските што се носат поради пандемијата, надлежните со построги мерки ќе се справување со загадувачите. Од Град Скопје најавуваат засилени инспекциски контроли на општинските, службите од Државниот инспекторат и МВР, а очекуваат и воведување построга казнена политика со измените на Кривичниот Законик.
БАРАЊЕТО НА ГРАД СКОПЈЕ ДО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА Е ВО ИЗМЕНИТЕ НА КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК ШТО ЌЕ СЛЕДУВААТ. ЗА ЛУЃЕТО ШТО СЕ ЗАТЕКНАТИ ВО ФРЛАЊЕТО ОТПАД НА НЕДОЗВОЛЕНО МЕСТО ЗА ДА ПРАВАТ ДИВА ДЕПОНИЈА, ДА БИДАТ ОДЗЕМЕНИ КАКО СРЕТСТВА СО КОИ БИЛО НАПРАВЕНО КРИВИЧНО ДЕЛО И КАМИОНИТЕ КОИ И КАКО КИПААТ, КОИ ГИ ИМАМЕ ВИДЕНО НА ОПРЕДЕЛЕНИ МЕСТА ДЕКА ТОА ГО ПРАВАТ, РЕЧЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ШИЛЕГОВ.
Измени на Законот за квалитет на амбиенталниот воздух, кој ќе ги им даде обврски на општините да превземат мерки за подобрување на воздухот, промени во начинот на сообраќај, ослободување на болните од работа во денови со високо аерозагадување и намалување на емисијата на штетни гасови од индустриските капацитети, се новините на кои работат во Министерството за животна средина. Помош во борбата за почиста животна средина, гледаат и во новите закони за управување со отпад, кои ќе одат во собраниска процедура.https://telma.com.mk/2020/12/25/%D1%81%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D1%80%D0%BE%D0%B3%D0%B8-