fbpx
ВестиТоп вести

ЛАГ АГРО ЛИДЕР промовира граѓанско новинарство во руралните средини

Граѓанското новинарсто е одлична можност за мотивирање на граѓаните да бидат иницијатори на промени преку информирање за проблемите со кои се соочуваат на локално ниво. Меѓутоа во време на технологија кога постојано сме опкружени со различни медиуми и можности за пласирање на информации треба да се едуцираме и да ги подобриме нашите вештини за препознавање и справување со приливот на ралични информации. Медиумската писменот овозожува етички пристап на секој од нас кој сака активно да учествува во општествениот живот преку медиумите и достапните информатички технологии, и нејзината промоција и примена може да даде значаен придонес за пласирање на квалитетни вести и информации.

Локалната Акциона Група АГРО ЛИДЕР  која активно делува во полето на руралниот развој во досегашното активно делување идентификува дека не постои системско и континуирано промовирање на руралниот развој како сложено прашање кое опфаќа социјална, образовна, еколошка и здравствена тема, вклучувајќи и маргинализираните групи, а кое треба да биде важен фактор за надминување на негативната перцепција на новинарските професионалци и медиуми.

Свесни за моменталната ситуација во новинарството и неможноста на професионалните медиуми и новинари континуирано да ги следат предизвиците со кои се соочуваат граѓаните на локално ниво, неопходно е мотивирање на граѓаните преку потикнување на медиумската писменост да станат активни актери во промирање на новинарствоот како битен елемент во градење на демократско општество. Во соработка со порталот Инфо компас и пишаниот медиум Зелена Берза, ЛАГ АГРО ЛИДЕР започна иницијатива за Промовирање на медиумска писменост и граѓански активизам во руралните средини со поддршка на Македонскиот Институт за медиуми.  Во рамките на оваа иницијатива на 2ри и 3ти Февруари 2019год. во Битола се одржа обука за граѓанско новинарство каде граѓани од општините Долнени, Крушево, Могила, Новаци и Прилеп имаа можност да се здобијат со знаење и вештини за да бидат активни промотори на своите заедници преку етичко и ефективно споделување на информации.

 

 

Во наредниот период ЛАГ АГРО ЛИДЕР активно ќе работи на зајакнување на поддршката на граѓанското новинарство во руралните средини и ги охрабрува сите кои се заинтересирани да бидат дел од оваа иницијатива да не контактираат за заедно да делуваме во известување на промените и предизвиците со кои се соочува секој од нас, и да бидеме иницијатори на промените кои сакаме да ги видиме во нашите заедници.

 

Марина Тошеска

ЛАГ АГРО ЛИДЕР

 

 

 

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close