fbpx
Вести

Потфрли традиоционалниот извоз на јагнешко за католички Божик

Потфрли откупот, а со тоа и извозот на македонското јагне за католички Божик. Сточарите се жалат дека годинава трговците не пројавиле воопшто интерес.

– Никој не е дошол ниту да праша за откуп на јагне или пак овца да побара, ниту еден не е дојден- изјави Владо Симоновски, сточар од Карбинци

Тие не се задоволни ниту од актуелната цена од само 130 денари за килограм живо јагне, што при скапа сточна храна,  по 12 денари за килограм јачмен и детелина, ги носи далеку од рентабилност.

– Треба 200 денари да оди јагнето за да се опстане инаку под таа цена, автоматски ние пропаѓаме, додаде Симоновски

Одгледувачите на овци состојбата ја оценуваат како катастрофална и сметаат дека се онеправдани и изманипулирани, зашто во месарите јагнешкото месо се продава по 360 денари. Згора на тоа, овчото млеко се откупува по 26 денари за литар, а им доцнат и субвенциите за 2016-та и 2017-та година.

– Субвенции барем да дадеа за овци, за јагниња. Јас продавам по 2 тони јагнешко месо жива мера, а на крај не можам да опстанам, изјави Симоновски

Според официјалната статистика во Штипско откупот пред празниците траел само два дена и при тоа не се откупени повеќе од 2000 јагниња.  Најголемиот дел од нив завршиле на италијанскиот пазар.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close