fbpx
ВестиМакедонија

Се чекаат одговори на приговорите: Граѓани останаа без државните пари

Дел од граѓаните кои поднеле приговори за 6.000 денари финансиска помош се уште ги чекаат одговорите од Генералниот секретаријат. За државните пари имаше вкупно 78 илјади приговори

Дел од граѓаните кои поднеле приговори за 6.000 денари финансиска помош се уште ги чекаат одговорите од Генералниот секретаријат. За државните пари имаше вкупно 78 илјади приговори и се тврди дека Владата успеала да обработи најголем дел од нив. Сепак многумина реагираат и испраќаат прашања и по социјалните мрежи и по медиумите. Сметаат дека требало да бидат на листата, не добиле пари, но не добиле ниту одговор на приговорите.

Владиниот портпарол, Душко Арсовски вчера информираше дека Владата успеала да ги обработи сите приговори кои пристигнале.

„Иако Законот не ја обврзува Владата, мора да се каже дека приговорите се обработени во рекорден рок, а стануваше збор за околу 78 000. На сите што поднеле приговор, ќе им се одговори на електронската адреса која ја навеле при поднесувањето на приговорот. Се ажурираат и листите на веб страницата kupuvamdomasno.gov.mk, каде ќе можат да ги проверат истите податоци“, рече Арсовски. Инаку вчера од Македонската банкарска асоцијација соопштија дека банките успеале да пуштат пари на околу 90 отсто од примателите на финансиска помош од 6.000 денари. За да ги исплатат останатитите пари инсистираат на законски измени со кои ќе се поместат роковите во кои се дозволува исплата на помошта. Датумот беше 25 декември и истиот стои во Законот за финансиска помош, па од Македонската банкарска асоцијација (МБА) велат дека може да исплатуваат само по измените. 

„После истекот на законски дадените рокови, за да се реализира исплатата на сите граѓани на кои во претходниот законски рок не им беше исплатена финансиската поддршка, потребно е да се  направат измени на Законот за финансиска поддршка со цел постоечките рокови, да се заменат со нови подолги рокови, стои во известувањето од МБА.https://faktor.mk/se-chekaat-odgovori-na-prigovorite-gragjani-ostanaa-bez-drzavnite-pari-

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close