fbpx
Вести

Викенд Агро метео

Во раните утрински часови е можна појава на слаб локален дожд, а ќе дува и умерен северен ветер. Попладне се очекува намалување на облачноста и на брзината на ветерот.

Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време. Во раните утрински часови е можна појава на слаб локален дожд, а ќе дува и умерен северен ветер.

Попладне се очекува намалување на облачноста и на брзината на ветерот. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.

Во недела ќе биде сончево со умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини.

Температурата ќе бележи пораст и ќе достигне до 19 степени.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close