fbpx
Вести

Потреба од нов модел на осигурување во земјоделството

traktor

Министерството за земјоделство размислува за воведување нов модел на осигурување во земјоделството оти сегашниот и покрај субвенциите не дава ефект. Во последните две години преполовен е бројот на склучени земјоделски осигурителни полиси. Министерот за земјоделство Љупчо Николовски вели дека за земјодеците да не чекаат обештетување од Владата при елементарни непогоди Владата воведува искуства од Шпанија и од Турција кои според него треба да дадат резултат и да се зголеми интересот за осигурување на земјоделските површини. Директорот на Агенцијата за супервизија на осигурувањето Климе Поповски вели дека имаат готови анализи по што треба да следат и решенија.

„Само преку изнаоѓање на форма на Јавно – приватно партнерство може да се пронајде оддржливо долгорочно решение за развој на земјоделското осигурување. Затоа сме и денеска тука, по иницијатива на министерот да почнеме јавни дебати од каде ќе најдеме адекватни решенија“, изјави Климе Поповски – директор на Агенција за супервизија на осигурување.


 

алсат-м

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close