ВестиМакедонија
Потребно да се воспостави организиран пристап за заштита на земјоделските производи,
Тридневната работилница на тема „Воспоставување на земјоделски осигурителен пул“.
Заедно со вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, денеска министерот за земјоделие Арјанит Хоџа го одбележа почетокот на тридневната работилница на тема „Воспоставување на земјоделски осигурителен пул“.
Фактот дека е потребно да се воспостави организиран пристап за заштита на земјоделските производи, преку воспоставување на систем на земјоделско осигурување во нашата земја, беше мотив за министерот Хоџа да го контактира Министерството за земјоделство на Турција и турската агенција за управување со земјоделскиот осигурителен систем – ТАРСИМ. Побарана е нивна поддршка и благодарение на позитивно возвратениот интерес, денеска сме сведоци на почетокот на процесот на воспоставување на земјоделски осигурителен пул, информираа од МЗШВ.