fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Потсетување до сите сточари во тек е повикот за набавка на силоси

Барањата кои не се поднесени електронски нема да се разгледуваат.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува земјоделците – сточари дека во тек е јавен повик за набака на силоси за сточна храна со капацитет до 25 тони од мерката 121 „Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства“, подмерка 121.9 – Набавка на силоси.

Средствата се наменети за инвестиции за набавка на силоси за житни и индустриски зрнести култури (јачмен, овес, ‘рж, тритикале и пченка) во сточарството со максимален капацитет од 25 тони, предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година. Ваков јавен повик се објавува за прв пат и има за цел да им помогнеме на сточарите да ги зголемат складишните капацитети за сточна храна. Максималната кофинансирана вредност на прифатливи трошоци по корисник за Мерка 121.9 изнесува еден милион денари. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.

Барателите на финансиска поддршка за овој јавен повик треба да го исполнат единствениот критериум наведен во јавниот повик , a тоа е да се регистрирани земјоделци – сточари со регистрирано одгледувалиште во Агенција за храна и ветеринарство и истото запишано во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

За да можат да аплицираат на јавниот повик, барателите на финансиска поддршка треба да креираат електронско барање за финансиска поддршка со податоци за локација на инвестицијата, податоци за инвестицијата и електронски да ги прикачат потребните документи. Еден барател може да поднесе само едно барање за оваа мерка. Барањата кои не се поднесени електронски на e-baranje.ipardpa.gov.mk нема да се разгледуваат.

Барателите кои ги исполниле условите, се рангираат со бодување утврдено во Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој,  при што барањата со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барањето на e-baranje.ipardpa.gov.mk. Освен тоа, многу е битно барателите да го имаат предвид условот наведен во јавниот повик а тоа е дека не смеат да започнат со реализација на инвестицијата пред потпишување на  Договор за ко-финансирање со Агенцијата.

Освен задолжителното еклектронско аплицирање, сточарите баратели на финансиска поддршка за оваа мерка, потребно е документите да ги достават и во хартиена форма во писарницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, или за да биде појасно потребно е електронски пополнетите барања за финансиска поддршка да се превземат, испринтаат и потпишат и заедно со целокупната пропратна документација да се достават до Агенција. Писарницата на Платежната агенција врши прием на барања секој работен ден од 08:30 до 16.00 часот. Доставувањето на документите мора да биде во затворен коверт на кој на предната страна во горниот лев агол стои „Барање за финансиска поддршка“ и Архивски број на Барањето (0422-12116-ХХХХ/1). Барањето може да се достави по препорачана пошта или лично во писарницата на Агенцијата, во спротивно Агенцијата не превзема одговорност за ненавремено и некомплетно пристигнување во писарницата или предвремено отворање на барањето.

Значи аплицирањето за јавниот повик се состои од два начина, задолжително електронско аплицирање и потоа доставување на сите документи во хартиена форма во писарницата на Агенцијата.

За сите подетални информации земјоделците може да се јават на телефонскиот број на Платежната агенција, тел. (02)3097-460 или на е-маил адреса: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk. Исто така за сите најснотии околу аплицирањето и доставувањето на документи достапна е и поддршката од Подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Ги повикуваме сите сточари кои се заинтересирани за набака на силоси за сточна храна со максимален капацитет од 25 тони, да аплицираат и да го запазат рокот кој истекува на 20.05.2022 година.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close