вестиТоп вести

Потврден договорот помеѓу ЕУ и САД за увоз на говедско месо без хормони

 

Наскоро следува решавање на долготрајниот спор во рамките на Светската трговска организација ( World Trade Organization WTO). Имено, Европската унија и САД наскоро ќе потпишат договор за преиспитување на функционирањето на постоечкиот трговски договор со кој се осигурува автономна царинска квота за увоз на висококвалитетно гведско месо во ЕУ.

Со овој договор на САД им се доделува удел во царинската квота за говедско месо со висок квалитет од таканаречениот Меморандум за разбирање во врска со увозот на говедско месо од животни кои не се третирани со одредени хормони на раст и зголемените царини кои САД ги доделуваат на одредени производи од ЕУ, во заклучената 2009 и ревидираната 2014 година.

Договорот ќе биде потпишан во Брисел, колку што е можно поскоро.

Меморандумот за разбирање е предвиден во 2009 како привремено решение за долготрајниот спор во рамките на WTO во врска со увозот на говедско месо од САД кое е третирано со одредени хормони на раст. Според тој договор, ЕУ дозволила квота од 45.000 тони говедско месо кое не е третирано со хормони за добавувачите кои ги исполнуваат условите. Во согласност со правилата на WTO, квотата морала да се стави на располагање на добавувачите кои не се од САД.

Благодарение на новиот договор, постоечката квота останува непроменета, но 35.000 од вкупниот износ на царинската квота, од 45.000 тони, наменето е за САД и ќе се воведува постепено во период од седум години. Царинската квота и натаму ќе ги опфаќа само оние производи кои се во согласност со високите стандарди на ЕУ, во поглед на сигурност на храната и здравјето. Овој чекор е клучен за решавање на долготрајниот спор помеѓу ЕУ и САД во врска со мерките кои ЕУ во 1989 година ги воведе за увоз од САД на говедско месо кое содржи хормони на раст. Овојпат, исто така се нагласува посветеноста на ЕУ на позитивната трансатлантска трговска програма.

Преговорите со САД се заклучени на 27 февруари 2019 година, а во чест на тој договор, Комисијата за отворање преговори помеѓу ЕУ и САД во врска со функционирањето на царинските квоти, побарала и добила согласност од другите значајни земји добавувачи во согласност со примената на правилата на WTO.

 

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close