fbpx
ВестиМакедонија

Повиците за поддршка на домашните компании

Бектеши ќе информира за повиците од Програмата за конкурентност и иновации и претприемништво

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе одржи прес-конференција за јавните повици од Програмата за конкурентност и иновации и претприемништво (КИП) за 2021 година.

Повиците се наменети за поддршка на домашните компании.

Програмата за КИП е проектирана на вкупно 68.800.000 денари од кои 50.000.000 се за развој на микро, мали и средни претпријатија, како и занаетчиство, 13.000.000 денари се за имплементација на мерки од Индустриската стратегија на Република Северна Македонија 2018-2027, 4.800.000 се за поддршка и развој на кластерското здружување, а 1.000.000 се субвенции за приватни претпријатија – инвестиции и општествена одговорност.

Со Програмата, во однос на компаниите се предвидени мерки за развој и поддршка на претприемништвото, микро и малите претпријатија и занаетчиството, за развој и поддршка на интернационализацијата на микро, малите и средните претпријатија (ММСП), за поддршка за стручно оспособување на вработените во ММСП, додека во однос на индустриската политика се планира поддршка за зголемување на конкурентноста на деловните субјекти од преработувачка индустрија, кофинансирање на дел од трошоците за соработка на проекти меѓу компаниите од преработувачката индустрија и академските и научно-истражувачките установи и надоместување на дел од трошоците на деловните субјекти за акредитирање лаборатории, проширување на опсегот на акредитација на постоечките лаборатории за испитување на градежните производи за пуштање на пазарот квалитетни и безбедни градежни материјали или набавка на потребна опрема за лаборатории.

Во делот на кластерското здружување ќе се поддржуваат проекти за иновативни и меѓународно ориентирани бизниси, додека во сегментот општествена одговорност средства се одвоени за развивање, одржување и применување социјално прифатливи практики. https://nezavisen.mk/bekteshi-kje-informira-za-povicite-od-programata-za-konkurentnost-i-inovacii-i-pretpriemnishtvo/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close