fbpx
Вести

Повисоки цени на зелените пазари во февруари

pazari

Овој февруари цените на овошјето и на зеленчукот на зелените пазари главно биле повисоки од минатата година. Зголемување на цените имало кај сите сорти на јаболко. Најевтина била зелката која се продавала за 33 проценти помала цена од лани.

Домати повеќе од 100 денари, краставиците скоро 200, килограм марула и до 250 денари на тезгите во маркетите. Вака главно изгледаше ценовникот на заленчукот минатиот месец. Животниот стандард како и лани бележи дека во овој период, кај голем дел од земјоделските производи има зголемување на цените, како на пазарите на мало така и на кванташките пазари.

Поскапи биле и карфиолот за 55 проценти, односно се продавал по 150 денари за килограм, потоа краставиците за 30, а килограм спанаќ тежел за 27 проценти повеќе.

Пониски цени имало кај зелката за 33, кромидот за 17 и кај цвеклото од 15 отсто.

Кај овошјето поголемо намалување на цените е забележано кај бадемите и лешниците и тоа од 28 до13 проценти и се продавале за 716 односно 625 денари за килограм.


 

мртв

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close