Повисоки продажните цени на индустриските производи на домашниот пазар
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во октомври годинава се повисоки за 0,3 проценти на месечно ниво, односно за 1,1 процент на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.
Во октомври 2017, во споредба со септември 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите „интермедијарни производи, освен енергија„ за еден процент, „капитални производи“ за 0,2 процента, „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 0,2 процента, и „енергија“ за 0,1 процент.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите „интермедијарни производи, освен енергија“ за 3,3 процента, „капитални производи“ за 3,3 проценти и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 1,7 проценти.