fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Повторно одбиено барањето  на ВКМ за намалување на ДДВ за ветеринарни услуги

Како причина за одбивње на барањето на ВКМ за намалување на даночната стапка на 5% Министерството за финансии го наведува фактот дека фисклани импликации не се предвидени во буџетот за 2020 и дека тоа не е во согласност со прописите во ЕУ

Министерството  за финансии на Р.С. Македонија  повторно го одби барањето на Ветеринарната комора на Македонија за намалување на даночната стапка на 5% за ветеринарни услуги. Како причина за одбивањето е наведено дека фискални импликации од евентуалното намалување на даночната стапка не се планирани за буџетот за 2020 и даночните олеснувања за ветеринарни услуги не се во согласност со прописите во ЕУ, информираат од Ветеринарната комора.

Скоро една деценија ВКМ бара да се намали данокот за ветеринарните услуги и ветеринарно медицински препарати. По барањата позитивно е одговорено само за медицинските препарати .

-За нас како Комора останува нејасно прашањето како некои членки на ЕУ (Полска, Словенија ,Ирска) имаат повластена даночна стапка за ветеринарни услуги , ако истата е во спротивност со ЕУ легислативата и како е можно претседателот на врвното тело на европските ветеринари – Европската федерација на ветеринари (ФВЕ), кој ја поддржа иницијативата на ВКМ во однос на ова прашање да не е информиран дека намалување на даночна стапка за ветеринарни услуги не е допуштено во ЕУ ?!,вели д-р Томислав Николовски претседател на Ветеринарната комора на Македонија.

Ги информираме членовите на ВКМ дека за овај проблем, како и за другите стратешки интереси на професијата ,во овој предизборен период раководството на Комората се обрати со писма до сите релевантни политички партии ,во кои се бара непосредна средба со лидерите на истите, каде што на непосреден начин, доколку ни се даде прилика, ќе ги изложиме состојбите во ветеринарно – здравствениот сектор , неговото општествено значење и улога , како и барањата за негов опстанок и развој.

Д-р Николовски го посочува Косово каде данокот е 0% и изедначен е со здравствениот сектор. Тој ги повикува своите членови од комората и сите оние што на некој начин може да влијаат кај надлежните за решавање на овој проблем со кој се соочуваат  ветеринарите,  да дадат свој придонес и оваа професија да добие адекватен третман и статус во општеството.

П.Ј.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close