вестиМакедонијаТоп вести

Хасани: Многу скоро, на кафе во Приштина без ПЦР тест!

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека се разговара со соседните земји во ист момент да се отворат границите без ПЦР тестови.

Многу скоро ќе може да се оди на кафе во Приштина без ПЦР тест за коронавирус, најави денеска на својот профил на Фејсбук новиот заменик-министер за здравство Илир Хасани.

„Многу скоро, кафе во Приштина без ПЦР тест“, напиша Хасани.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека се разговара со соседните земји во ист момент да се отворат границите без ПЦР тестови.

– Земјите-членки на ЕУ имаат само препорака, немаат генерална политика на ЕУ по ова прашање и во таа смисла имаат слобода да одлучуваат каков ќе биде режимот на границите. Точно е дека најавивме во неколку наврати претходните недели дека ќе имаме некаква одлука, но за жал го чекавме одговорот од соседните земји. Конечно одговорија во текот на изминатата недела, профункционира системот на координација, кој сега е поддржан од Американската амбасада во Скопје. Искрено се надевам дека дефинитивно ќе се разменат сите информации и врз основа на тоа што значи точна епидемиолошка ситуација во секоја од земјите од Западен Балкан плус Бугарија и Грција, и ќе заземеме заеднички став. Комуникацијата се базира на тоа дека превентивните мерки треба да се почитуваат – рече Филипче.

извор:плусунфо

Слични написи

Back to top button
Close