Пожарите не стивнуваат веќе десетти ден по ред
Уште се активни пожарите во кумановскиот регион, во Агино Село, но и во прилепскиот регион, кај селото Средорек
Пожарите не стивнуваат веќе десетти ден по ред, и тоа на повеќе места во државата.
Вчера беа запалени три куќи кај селото Побожје, поточно во Чучер Сандево во Скопје, каде гореше во текот на целиот ден, но подоцна беше локализиран.
Уште се активни пожарите во кумановскиот регион, во Агино Село, но и во прилепскиот регион, кај селото Средорек.
Во Македонски Брод активни се пожарите кај селата Девич и Слатина. Гори и во Пехчево – Берово, кај местото Бајаз Тепе.
Пожарот во Сарај, кај селата Раовиќ и Буковиќ е уште активен и вчера во повеќе наврати дејствуваше авионот на романското воено воздухопловство.
Активен е и пожарот во Петровец, село Дивље кај м.в. Крушје, но и оној во Прилеп, Топлица кон селото Крстец.
Инаку, по неколкудневна борба со огнената стихија над селото Будинарци, вчера попладне пожарот беше совладан. Со тоа, целосно е изгаснат големиот шумски пожар кај реонот на општините Пехчево, Делчево и Берово. https://nezavisen.mk/gori-na-povekje-mesta-vo-drzhavata-pristignuva-pomosh-od-crna-gora-i-francija/