fbpx
Вести

Практична обука за производство на сирење

sirenjena

Традиционалне начин н производство на сирење на фармата на Вангелина Пармачка во беровското село Будинарци. На практичната обука која сеодржа на 01.06.2017 присуствуваа 25 жени – фармери од Мрежата на жени – фармери во ФФРМ. Презентацијата беше од Вангелина и професорката Соња Србиновска. Генерален впечаток – ваквите обуки на пракричен начин овозможуваат да се увидат грешките, добрите страни, да се разменат идеи и искуства за развој на производството и воедно да се потенцира дека вистински мајстори во правењето на сирење се жените. ФФРМ презентацијата ја направи на фармата на Пармачка која е носител во нејзината фамилија на земјоделското стопанство и таа е лидерот и во производството и продажбата. Професорката Србиновска укажа дека сите сирења се убави и дека треба да се внимава на хигената, контрола на животните, бидејќи суровината е најважна за квалитет и да не се става многу сол во сирењето бидејќи не се чуствува вистинскиот вкус на сирењето. ФФРМ уште еднаш изразува благодарност до Вангелина Пармачка за гостопримството и презентацијата на нејзиното производство и фарма, како и професорката Соња Србиновска за советите кои ги даваше на производителите. Ативноста се реалзира во рамките на проектот „Институционална поддршка на ФФРМ“, подржан од We Effect. Повеќе информации и совети за производство на сирење во новиот број на „Моја земја“, кој треба да излезе на почетокот на јули.


 

ффрм.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close