fbpx
Без категоријаМакедонија

Пратениците денеска ќе расправаат за повеќе закони за земјоделието

На Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на дневен ред се 11 закони

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за прашања на изборите и именувањата, за политички систем и односи меѓу заедниците, за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и Комитетот за односи меѓу заедниците.

На Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на дневен ред се 11 закони. Пратениците ќе расправаат за измените и дополнувањата на Законот за репродуктивен материјал од шумски видови дрвја, за изменување на Законот за ловството, измени и дополнувања на Законот за рибарство и аквакултура, измени на Законот за квалитет и безбедност на ѓубриња, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата, измени на Законот за органско земјоделско производство, измени на Законот за квалитетот на земјоделските производи, измени на Законот за шумите, измени и дополнување на Законот за берзи на земјоделско-прехранбени производи, измени на Законот за здравјето на растенијата, измени и дополнување на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство и измени и дополнување на Законот за шумарска и ловна инспекција, сите во прво читање.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close