вестиМакедонијаТоп вести

Следува „Викенд без ДДВ“: Повратот на целиот платен ДДВ ќе биде вратен на сметките на граѓаните

Во најавениот „Викенд без ДДВ“ кој ќе се спроведе на 10, 11 и 12 октомври, граѓаните ќе може да купат домашни производи и услуги до најмногу 30 илјади денари, како и компјутери и ИТ опрема.

 

Оваа мерка предвидува да опфати повеќе од 350 илјади граѓани. Корисниците на апликацијата Мој ДДВ, кои за време на викендот 10, 11 и 12 октомври, ќе може да купат домашни производи и услуги и компјутери и друга ИТ опрема до најмногу 30 илјади денари по поединец и во рок од само неколку дена назад ќе го добијат целиот ДДВ од 100 проценти.

Викенд без ДДВ” е дел од новиот, четвртиот сет на владините антикризни мерки, со што всушност се надоградува успешниот проект за поврат на ДДВ кон физички лица.

350.000 граѓани, корисници на апликацијата „Мој ДДВ“, со оваа мерка, за време на продолжениот викенд на 10-11 и 12 октомври ќе можат да купуваат домашни производи и услуги, како и компјутери или друга ИТ опрема во вредност од најмногу 30.000 денари.

Во рок од неколку дена, на трансакциските сметки на граѓаните ќе им биде исплатен назад целиот ДДВ.

Основна цел на мерката Викенд без ДДВ, според ве де директорот на Управата за јавни приходи, Фарук Омери, е враќање на повеќе пари кај граѓаните, поттикнување на потрошувачката, а со тоа и поддршка на домашната економија.

На подолг рок, како што рече Омери, Мој ДДВ значи и борба со сивата економија, секој граѓанин е инспектор на терен со тоа што бара да му се издаде валидна фискална сметка, а доколку истата не му биде издадена, ќе може да пријави во УЈП од каде што ќе бидат преземени соодветни мерки.

Тој објасни дека граѓаните во текот на претстојниот продолжен викенд односно 10, 11 и 12 октомври со купување на македонски домашни производи и услуги и компјутерска опрема, може да остварат поврат на ДДВ во целосен износ. Овој поврат ќе се реализира преку апликацијата Мој ДДВ, а враќањето на данокот ќе се врши на трансакциска сметка на граѓаните до крајот на октомври, односно 15 дена од денот на издадената фискална сметка. Граѓаните, фискалните сметки од овој викенд без ДДВ треба да ги скенираат во рок од три дена од денот на издавањето на фискалната сметка, а вкупниот промет на добра и услуги од викендот без ДДВ на кој е пресметан данок на додадена вредност да не го надминува износот од 30.000 денари по лице.

За целосна успешност на мерката, Омери апелираше и до трговците да ги разделат / означат правилно македонските производи и услуги од останатите, во фискалните апарати.

Во поглед на апликацијата Мо јДДВ, тој кажа дека има три категории на граѓани:

* Граѓани кои се регистрирани на e-ПДД и кои ја инсталирале апликацијата МојДДВ, оваа категорија си продолжува со скенирање како и досега;

* граѓани кои се регистрирани на e-ПДД а не ја инсталирале апликацијата Мој ДДВ, оваа категорија треба само да ја инсталира апликацијата Мој ДДВ и да започне со скенирање на фискалните сметки и;

* граѓани кои не се регистрирани на e-ПДД а со тоа и не може да ја инсталираат апликацијата Мој ДДВ, оваа категорија треба да се регистрира на веб страната е-ПДД за што треба да поседуваат валидна маил адреса, која ќе биде нивно корисничко име, и да креираат своја лозинка. Потоа да дојдат во просториите на УЈП заради нивна идентификација и верификација.

Пред граѓаните е и продолжениот викенд во кој е планирано да се реализира мерката „Викенд без ДДВ“.

Министерот Филипче смета дека тој нема да претставува ризик за ширење на вирусот бидејќи, како што вели, има протоколи и се знае по колку лица можат да влезат на затворено, а дополнително на тоа е и задолжителното носење маска во затворен простор и држењето дистанца.

– Никаде нема да се пропушта да влезе голема концентрација на луѓе. Секаде ќе бидат задолжителни маските. Впрочем на затворено и сега се задолжителни, а таму каде што се носат маски и каде што се држи дистанца, едноставно нема ризик од трансмисија на вирусот, нагласи Филипче.

Отворањето на границите, според него, не претставува значаен ризик бидејќи сега најголем проблем е локалната трансмисија, за разлика од почетокот на кризата кога главниот ризик бил увозот на вирусот.

извор:Локално

Слични написи

Back to top button
Close