fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Пратениците за 2024 г. зеле над 18 милиони денари за патни трошоци и повеќе од 2 мил. за кирии

Над 18 милиони денари или околу 300.000 евра за патни трошоци и повеќе од 2 милиони денари за кирии за станови во Скопје зеле пратениците во 2024 година.

Податоците покажуваат дека споредбено со претходната 2023 година патните трошоци се помали за околу 1 милион денари.

На врвот на списокот е Петар Ристески, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, кој потрошил 868 илјади денари или 14 илјади евра, за патувања на релација Прилеп – Скопје. Зад него се неговите сопартијци Мирче Аџиоски од Струга со над 12 илјади евра, Дајанчо Ефтимов од Струмица со околу 10 илјади евра, Зоранчо Јованчев од Кавадарци со потрошени 8 илјади евра. На петото место на листата со највисоки суми е пратеникот на СДСМ Миле Талески кој доаѓа од Прилеп, со наплатени 470 илјади денари или околу 7.600 евра.

Покрај за патните трошоци, долга е листата на пратеници кои на државен трошок живеат во изнајмен стан, но многумина од нив ја користат и можноста која им ја дава законот – да им биде исплатена месечна кирија од најмногу 400 евра, но и да наплатат патни трошоци за еднаш во работната недела да отидат во родниот град и да се вратат во Скопје.

Канал 5 се обиде да добие одговор од координаторите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ како партии кои се водечки на списокот за потрошени пари, но од двете партии одбија да коментираат.

Инаку, трошоците се регулирани со Законот за пратеници.

Според последните измени од 2018 година, пратениците добиваат надоместок во вредност од еден литар гориво за секои изминати 5 километри, односно за секои 100 километри добиваат пари за 20 литри гориво. Тие се направија откако екс-пратеничката Силвана Бонева беше обвинета за злоупотреби, а оттогаш и покрај тоа што постојано се во фокусот на јавноста, патните трошоци останаа на истото ниво.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close