fbpx
ВестиТоп вести

Приоритет на новото претпријатие АД Водостопанство е да се обноват водоводните системи

 

 

Полошкиот регион има доволно количини вода за наводнување, но водата не стигнува до сите атари на земјоделските површини. Селата што се покрај реките и каналите за наводнување Здуње – Пирок и Радиовце – Бистрица имаат вода за нивните ниви, на во останатиот дел не е така. Секундарните мрежи се во очајна состојба, а ниту една од пумпните станици со подземен систем за наводнување изградени во седумдесетите и осумдесетите години не работи. Тие се во целосно руинирана состојба.

-Порано пред неколку децении тука немавме проблем со наводнувањето. Иако технологијата е отидена напред сега го бараме тоа што порано го имавме, а тоа е подземниот водоводен систем со пумпмна станица, но тој е запоставен многу делови од тој систем се украдени. Сега затоа што ја нема водата, голем дел од земјоделците се откажуваат од дејноста, а некои засадуваат на своите површини продукти кој што не бараат многу вода, вели еден земјоделец од тетовското село Милетино.

Во овој регион функционира, или поточно во исправна состојба е само еден подземен водоводен систем во гостиварски Градец , до сега таму не се плаќала струјата, а сега ингеренциите на овој објект се на АД  Водостопанство и се прават напори овој систем да профункционира.

Фаредин Акику кој целиот свој работен век го поминал во водостопанските претпријатија, а пред неколку месеци се пензионира како директорот на подружницата Полог при новото формирано претпријатиа АД Водостопанство, вели дека системи за наводнување се запоставени од 2000- та година па наваму од повеќе причини,  

-Многу одамна сите што живееле на село го наводнувале земјиштето со бразди и преку други традиционални начини поради голема волја за занимавање со оваа дејност. Потоа почнаа да се градат подземните водоводни системи во седумдесетите и осумдесетите години, така да водата секогаш била приоритет. Но од 2000 година наваму има незаинтересираност односно запоставеност на системите, поради можеби неисплатливоста на земјоделците да се занимаваат со оваа дејност, немањето субвенции, па земјодлеците изминативе 15 години се снаоѓаа со вода како знаеа и умеаа, а некои се откажуваа од оваа дејност, затоа што до нивните ниви немаа вода, рече Фаредини Акику

Но во последно време откако се формира новото претпријате АД Водостопанство работите во поглед на снабдувањето на нивите со вода се движат во позитивна насока

-Горе долу се работи на решавање на овој проблем. Сега во полог имаме доволно количини вода и можам да кажам дека се покриени околу 80 отсто од земјоделските површини. Мислам дека новоформираното претпријатие АД Водостопанство од владата сега добива повеќе пари. Така да се купува механизација, се труди претпријатието да ги врати системите во подобра состојба, за да имаат вода. И системот кој се гради Речица – Вруток тој е современ систем подземен, систем кој ќе се снабдува со вода од хидроцентралата Вруток преку Равен па се до Речица ќе се наводнуваат земјделските површини. Сето ова ќе чини поскапо, ама барем ќе биде чиста водата затоа што таа ќе оди под земја.Позитивно е што во новото претпријатие сите вработени имаат еднаков третман и цел имот е на државата Сега на пример се опремува претпријатието имаме стручни лица, не може се наеднаш, но мислам дека постепено ќе оживее водоводниот систем.  Ратае – Жилчец – Лешок тој дел е ризичен за вода и е оштетен и системот и пумпните станици, па еве се формира комисија која треба да ја согледа состојбата. Целта на нашето претпријатие е да ги оживееме системите и да градиме нови, вели Акиу.

Тој советува новото претпријатуие АД Водостопанство да води повеќе грижа за климатските промени кои го земаат данокот, а тоа е се помалку вода во изворите. Додава дека треба да се работи на подигнување на свеста на земјоделците околу оваа проблематика и се повеќе да ја штедат водата.

Како голем проблем ги наведува стопанските објекти кои се градат покрај каналите за наводнување каде се пуштаат одводни цевки, а има исто и несовесни граѓани фрлаат шут во реките.

Но, со формирањето на АД Водостопанство како што појасни, Државниот инспекторат за води има казнето многу фирми што уништувале инфраструктура и кршеле канали .

Зоран Димовски

Слични написи

Back to top button
Close