вестиТоп вести

Пребивање на долгови со субвенции само со нотарска изјава

Земјоделците ќе можат да си ги пребијат долговите кон државата и јавните претпријатија со субвенциите само со заверена изјава од нотар. Оваа новина предвидена со измените и дополнувањата на Законот за земјоделство и рурален развој стартува со годинашната програма за директни плаќања во земјоделството која е веќе објавена во „Службен весник“.

prebivanje na dolgovi so subvencii samo so notarska izjava

 

Од Министерството за земјоделство велат дека право на користење на финансиска помош имаат и земјоделците кои ги немаат намирено долговите за користење на пасишта, надоместок за вода или други давачки кон јавните претпријатија со тоа што ќе достават изјава заверена од нотар дека се согласуваат долгот да им се наплати, односно пребие од сумата субвенции што треба да ја добијат.

„Откако ќе го добијат известувањето дека се должници, земјоделците имаат рок од 20 дена да ја достават изјавата заверена кај нотар во Платежната агенција, со што автоматски го одобруваат пребивањето“, ни рекоа вчера од Министерството за земјоделство.

vo-vreme-na-zgolemeni-troshoci-novite-vladini-merki-poln-pogodok-za-zemjodelcite-250301

Од Министерството за земјоделство велат дека најголеми измени во програмата за директна помош во 2016 година се направени кај субвенционирањето на поледелските култури. Субвенција од 12 илјади денари по хектар е предвидена за површини посадени со сертифициран семенски материјал, а за 1.000 денари е намалена субвенцијата ако земјоделците користат несертифициран саден материјал. Лани оваа субвенција изнесуваше 8.000 денари, а годинава е 7.000 денари.

Се воведува и условена субвенција за површини од 10 до 50 хектари. Земјоделците за да добијат помош од 4.800 денари по хектар на кој се одгледува пченица, мора да имаат просечен род од 4.000 килограми по хектар.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close