fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Земјоделски календар за месец март – растително

ПОЛЕДЕЛСТВО
Во овој период растенијата се во мирување. Голем дел од нив се покриени со
снежна покривка. На места каде што снегот не се задржал поради ветровите при појава
на невообичаено ниски температури, од -20 до -25 ° С , постои опасност од измрзнување
на посевите со пченица и јачмен.
Се припремаат азотни ѓубрива и механизацијата за прихрана на есенските посеви.
Раното пролетно прихранување со азотни ѓубрива се врши пред потерување на
вегетацијата во периодот крајот на февруари и во месец март. Пред започнување на
вегетацијата житните култури се најмногу истоштени од зимскиот период, со исцрпени
резерви од јаглени хидрати и поради тоа имаат потреба од лесно апсорбирачки азот.
Ефикасноста на прихранувањето зависи од бројни услови – состојба на посевите,
климатските услови, сортата и обезбеденоста на почвата со минерален азот.
Се припрема почвата за сеидба на раните пролетни култури. Во тек e или
привршува прихранувањето на есенските култури. Се врши сеидба на: луцерка од 1-30
март (во наши услови може крај на март почеток на април, најдоцна до 15 април) со 30-40
кг/ха или просечно 20кг/ха; сончоглед од 20 март – 5 април со 15 – 20 kg/ха; сирак од 20
март – 5 април со 8 – 12кг/ха; шеќерна репа од 1 – 30 март со 25 – 30 кг/ха.
Одгледувањето на тутунот вклучува два агротехнички периоди: производство на
расад и одгледување на нивата. Производството на расад се организира во или блиску
до населеното место, на рамни, оцедни, заштитени од ветер, топли и плодни
почви.Тутунскиот расад се одгледува на леи покриени со најлон.Подготовката на семето
бара дезинфекција и `ртење. Сеењето на леи се врши во текот на месец март.
ЛОЗАРСТВО
Се засадуваат нови лозја. За таа цел се избира здрав посадочен материјал и
растојанија кои овозможуваат нормален развој на лозата и спроведување потребните
агротехнички мерки. Продолжува резидбата. Болните, исушените и заразени од
бактериски рак лози се искоренуваат и согоруваат, а местото треба да се дезинфицира
со 2% формалин по 25 л/м
2
. Почнува пресадувањето на нови лози на празните места. Се
започнува со првите третирања против болести и штетници со соодветни пестициди.

При поволни услови може да се врши кроење на лозите, како и изнесување на
лозови прачки.По потреба се врши санација на конструкцијата. Се внесува потребното
количество ѓубрива и се врши обработка на почвата.
ГРАДИНАРСТВО

Се садат: домати, пиперки, модар патлиџан – (средно – рано производство)
аспарагус, праз, зелка-рана на отворени леи, рен – во полутопли оранжерии. На отворено
се сее крупна бакла од 10-25 март со 180-200 кг/ха, грашок од 1-10 март со 150-180 кг/ха,
зелка од 25 март до 10 април со 0,6 -0,8 кг/ха, копар од 5-15 март со 15-25 кг/ха, моркови
рани – март со 6-8 кг/ха, магдонос од 15 март со 7-10 кг/ха, ротквици од 15-30 март со 12-
20 кг/ха, салата со расадување и потребно за расад е 2-3 г на 1 м
2 од 20 март – (0,3-0,4
кг/ха), лук летен во март со 1000-1500 кг/ха (700-900), домати средно-рани од 10-20 март,
домати доцни од 20 март-15 април, пиперки средно-рани од 10-20 март.

Од почетокот на месец февруари започнува одгледување на расад домати за рано
оранжериско производство. 25-30 дена по сеидбата растенијата се пикираат и по 25 дена
се пресадуваат на постојано место.Добро закалениот и здрав расад е предуслов за
максимален принос од растенијата и ако има поволни услови за одгледување, кон крајот
на мај и почеток на јуни во зависност од тоа кога е извршена сеидбата, се добива и
посакуваниот принос.При одгледување на расад од домати треба да се одржува
потребната температура и влажност на воздухот и почвата. Водата која ќе се користи за
наводнување да биде со потребната температура 20-25 ° C. Со полевањето можат да се
внесуваат ѓубрива со потребните макро и микро елементи, како и превентивни фунгициди
против сечење садници:
Лажно сечење – Превикур 607 сл 0,15-0,25% или Рива 607 сл 0,15-0,25% Вистинско
сечење – Топсин М 70 ВП 0,07-0,1%
Да се следи појавата на оранжериската белокрилка и лисните вошки со ставање
на жолти лепливи мамци. Задолжително по пресадувањето на растенијата на постојано
место против попово прасе пожелно е да се стави маммец: Месурол Шнекенкорн 4Г во
доза 0,3 g / м
2 или да се приготви мамец: На 1 кг.трици се додава 25 мл Би 58;1 лажица
шеќер;1 лажица масло и малку вода. Против голи полжави може да се расфрла пепел.
Краставиците се топлољубиви растенија. Во текот на целиот период на
одгледување температурата не смее да падне под 15°С. Семињата се сеат во агроперлит
при температура на воздухот 28-32°C и висока влажност 70-80%.Тие никнат само за 3-5
дена. Потоа растенијата се пикират во кофички полни со однапред припремена почвена
смеса со потребните хранливи елементи и се одгледуваат при температура на воздухот
24-27°С дневна, а ноќна со 2-3°С пониска. По 20 дена здравите и калени растенија се
пресадуваат на постојано место. По 30-40 дена се добива принос-плодови. Растенијата
се отпорни кон штетникот попово прасе.
На површини засеани со лук од есен, при постојана температура на воздухот над
5°C, постои можност да се појави лукова мува. Превентивно треба да се третира со
инсектицид со намокрувач.
ОВОШТАРСТВО
При поволни услови и позитивна температура на воздухот да се изврши
отстранување и горење на мумифицирани овошни плодови останати од минатата година,
затоа што во нив презимуваатнекои форми на габни болести. Исто така ако има суви
гранки се сечат до здравото ткиво, се изнесуваат надвор од насадот и се горат.
Направените рани се премачкуваат заштитна материја или со мрсна боја. Се спроведува
зимско прскање против зимските форми на штетници, габни и бактериски болести.
Прскањето се изведува при суво време, температура на воздухот над 0°С и да нема
ветар. Се припрема раствор од бордовска чорба 1% и Акаризин 3%, со кој дрвјата се
прскаат.
По поминување на зимските студови во текот на месец март и почетокот на април
се врши резидбана овошките. Пред резидбата секое дрво се прегледува внимателно и се
оценува што треба да се направи. Се врши осветлување на круната, така што се
отстрануваат сите гранки кои растат паралелно или навнатре и меѓусебно си пречат. На
дрвја кои раѓаат и плодоносат, но се со послаб вегетативен раст, треба да се изврши
посилно скратување на родните гранчиња. И обратно при поразвиени дрвја,
скратувањето на родните гранчиња е послабо. Во третата декада на март до средината
на април, во зависност од различните овошни видови се врши прскање пред цутење со:
соодветни фунгициди и инсектициди (Пр:фунгицид – Тирам 80 ВГ 0,3% плус еден од
следниве инсектициди – Нурел Д 0,05%; Децис 2,5 ЕК 0,03%;Фастак нов 100 ЕК 0,02% и
др.). Понатака може да се примени варосување на стеблата со 20% раствор на гасена
вар. Секогаш после работа со препарати за заштита на растенијата, да се зема
безалкохолен пијалок или јогурт или млеко.
Завршува резидбата на овошни видови кои порано се развиваат, но истовремено
почнуваат и потребните агротехнички мерки. Пред набабрување на папките,
задолжително, речиси сите овошни видови се третираат со 1-,5% бордовска чорба против
кадравост на праската; кај јаболката против рано кафеаво гниење и плутесто ткиво, кај
крушата против фузикладиум, рано кафеаво гниење и др. Нови овошни садници се садат
во овој период ако тоа не се направило во текот на есента. Резидбата при садењето на
садниците е една од најважните мерки која придонесува за добро прифаќање на
садниците. Кај јаболкото – кај сорти кои се чувствителни на плутесто ткиво се третираат
со раствор од бордовска чорба – 1% или купроцин 0,4%. До цветање се извршуваат 2
третирања.

Извор: АПРЗ

Слични написи

Back to top button
Close