fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Пред Нова година се очекува исплата на средства за производителите на ориз, јаболка и грозје

Димковски за емисијата „Аграр“

-Станува збор за околу 8.5 милиони евра, што заедно со петте милиони евра исплатени за тутунот, прави цифра од 13,5 милиони евра, средства кои се одвоени од буџетот на државата како интервентна помош за земјоделците. Средствата за помош на производителите на ориз, јаболка и грозје ќе бидат исплатени деновиве, пред крајот на годинава – изјави Трајан Димковски, заменик министер за земјоделие во интервју за емисијата „Аграр“ . Димковски најави дека се изнајдоа законски решенија со чија помош до крајот на годината ќе бидат исплатени парите за поддршка на производството на ориз, јаболка и грозје.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close