Предложени измени во Законот за виното

(Oвој напис е објавен на: February 1, 2018)

vino

Во Законот за виното  се уредуваат планирањето и управувањето со производствениот потенцијал за производство на винско грозје, производството на вино, пазарот и прометот со вино, класификацијата
на вината, производството, означувањето и заштитата на вината со географски назив и описот, означувањето и заштитата на виното како и здружувањето на производители на вино.

Со постојната формулацијата на предметот на уредување на Законот за виното, винското грозје не е дефинирано како земјоделско-прехрамбен производ од стратешко значење и не е прецизирано управувањето и планирањето со производството, прометот и откупот на винското грозје за преработка и производство. Имено пазарот на понудата и побарувачката на винско грозје за производство на вино често се нарушени со појави на вишок количини на винско грозје за откуп неблаговремено објавување на откупните цени, диктирање на ниски откупни цени на винското грозје, неправилности во мерењето на шеќерноста при откупот на винското грозје и ненавремена исплата на откупените количини на винско грозје, поради што нужна е регулација односно измена на Законот за виното.

Со предложеното законско решение проблемите со вишокот на винско грозје преку пријавување на планираните количини на производство на винско грозје наменето за откуп, објавувањето на откупните цени на винското грозје, пред почетокот на откупот, правилно мерење на шеќерните единици во откупот на винско грозје, обезбедување на средства од откупувачите за исплата на откупените количини на винско грозје за редовна исплата на лозаропроизводителите, воведување на директни плаќања како финасиска подршка на производителите на винско грозје и вино и заштита на вината кои носат ознака на географски назив на виногорието ќе бидат нормирани.

Со предложениот закон виното ќе добие стратешко значење на прехрамбен производ, ќе се следи и превземат мерки на планирање и управување со производниот потенцијал и организирање на пазарот на винското грозје наменето за откуп и производство на вино, односно за извоз, производителите на грозје ќе ги
заштитат своите интереси со навремено информирање за откупните цени, правилно мерење на шеќерните единици од стрна на проценителите овластени од министерството, откупувачите ќе ги исполнуваат условите на обезбедени или гарнатирани средства наменети исклучиво за исплата на откупените количини на
винско грозје, државата ќе воведе дирекни плаќања како финнасиска помош за вистинските производители на винско грозје и за производителите на вино и ќе се заштитат вината кои носат ознака на виногорието.


 

правдико.мк