При крај е обновата на објектот на највисоката точка на преубавата Шара

(Oвој напис е објавен на: May 26, 2019)

 

На највисоката точка на Шара, на Титов Врв, планинарите веќе четири години работат на возобновувањето на кулата.

 

-На оваа надморска височина од 2747 метри не постојат објекти, а врвот е често посетуван од планинарите, па кулата преставува симбол на планинарството во Македонија, затоа и одлучивме да ја обновиме потенцираат планинарите.

 

Инцијативата започна од планинарите од планинарското друштво Аргентуст Маунт, Потребните материјали за нејзино обновување, до 2600 метри надморска височина ги транспортирале со ратрак а потоа до самиот врв каде се наоѓа кулата, поради непристапниот и стрмен терен, прозорците, вратите и друго, планинарите го донеле пеш или пак со коњи.

 

Надворешниот дел од кулата е обновен со врати, прозорци, санирани се и ѕидовите. Пред две години кулата доби и осветлуавње а со тоа се осветли и највисоката точка во државата со поставуавње на соларни панели на покривот од кулата. Соларните панели, акумулатор тежок 60 – тина килограми и други потребни материјали за осветлување на кулата до надморска височина од 2370 метри, се носеле со теренско возило. Потоа материјалите до кулата се транспортирале пеш на раце.

На надворешната страна од кулата има поставено две сијалици, исто толку и во внатрешниот дел од објектот, каде има и мали агрегати за полнење на мобилни телефони. Едната сијалица поставена надвор на кулата е вклучена да свети постојано, останатите три се со прекинувачи

Осветлувањето на кулата  во вечерните часови се гледа од самиот влез на Тетово.

Сега како што велат од друштвото се работи на внатрешниот дел од кулата. На времето пред да биде оштетена во кулата имало подрум, приземје и два ката. На двата ката имало по околу 25 метри квадратни за престој и ноќевање.

-Во кулата ја изградивме првата катна платоформа, сега сакаме да ја изградиме и втората катна платоформа, со цел да има повеќе простор за престој на планинарите ако на пример заврне има невреме, или пак ако сакаат да преспијат некои планинари тука. Во соработка и со финансиски средства од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија во почетокот на оваа година се  купени 6 челични греди и 13 водоотпорни табли. Откако ќе се монтираат на вториот кат ќе се оформи втората катна платформа а со тоа ќе се зголеми можноста за поголема бројка за престој и за ноќевање до 30-тина лица“, велат од планинарскот друштво Аргентуст Маунт

Од друштвото додаваат дека не се откажуваат од нивната намера за обнова на кулата. Благодарни се што помагаат и други планинарски друштва во носењето на материјалите, но и приватните фирми кои обезбедили механизација.

Велат дека обновата на кулата никогаш не треба да престане, затоа што истата е лоцирана на отворено односно на терен каде се често временските неприлики

Камената кула на Титов Врв пред повеќе од една деценија беше симбол на планинарството во Македонија. Објектот беше главно лого на планинарската федерација на Македонија. Но сликата од кулата од логото е тргната поради лошата состојба во која се наоѓаше кулата, која веќе започна да ја краси највисоката точка на Шар Планина.

Зоран Димовски

Share Button