Предупредување за возачите: Снег вее на неколку патни правци
Денес ќе има повремени врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Попладне ќе почне да дува засилен северозападен ветер кој ќе се задржи и во текот на ноќта кога на повеќе места ќе биде силен (над 80 км/час, а на планините и над 90 км/час), а тоа ќе предизвика нагло опаѓање на температурата.
Врнежи од снег кој не се задржува на коловозот утринава има на Крива Паланка, Страцин, Куманово, Павлешенци, Преод, Струга, Охрид, Ресен, Крушево и на планиските премини Буково, Ѓавато и Железнец.
На граничните премини од македонска страна, како што информира Авто мото сојузот на Македонија, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Денес ќе има повремени врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Попладне ќе почне да дува засилен северозападен ветер кој ќе се задржи и во текот на ноќта кога на повеќе места ќе биде силен (над 80 км/час, а на планините и над 90 км/час), а тоа ќе предизвика нагло опаѓање на температурата. Во недела се уште на места ќе провејува снег и ќе дува силен северен ветер. Потоа ќе се задржи стабилно, студено и ветровито време со минимални температури и под -10 степени, а на места и дневните ќе бидат под нула.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Во недела се уште на места ќе провејува снег и ќе дува силен северен ветер. Потоа ќе се задржи стабилно, студено и ветровито време со минимални температури и под -10 степени, а на места и дневните ќе бидат под нула.