fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Преку интернет килограм ајварки 60 денари, благи пиперки 80, низа од два реда суви пиперки 500 денари

Земјоделците нудат поевтини производи преку социјалните мрежи!

Од укинувањето на владините мерки производителите и трговците добија одврзани раце да ги формираат цените според пазарната логика на понудата и побарувачката.

Килограм црвени пиперки за ајвар се продава од 80 до 100, везенките по 100 денари. Модриот патлиџан зависно од големината – од три до пет парчиња за 100 денари, тиквичките три за 50 денари.

Овие производи се продаваат и преку социјалните мрежи, а ги нудат самите земјоделци. Тие групи бројат близу сто илјади членови – производители и заинтересирани купувачи. Според коментарите, а на задоволство на двете страни, воспоставена е добра соработка. Доставата најчесто е бесплатна, веројатно е пресметана во самата цена. Иако има и испорака која не се наплаќа само доколку нарачката е во износ од над илјада денари.

Исто така, според коментарите, нема приговори за квалитетот на производите. А, понудата е: килограм ајварки 60 денари, благи пиперки 80, низа од два реда суви пиперки 500 денари, низа од 2,5 килограми пиперки – 300 денари. Доматите се 80 денари килограм, а краставиците 90 денари. Тиквичките се нудат по 20 денари парче, а пченката за 30 денари. Модриот патлиџан – 20 денари парче, а го има и за 30 денари килограм.

Компирите се нудат според големината – 35 денари ситниот, 40 средниот и 50 денари крупниот. Килограм грав, пак, е 200 денари белиот, а 220 денари црвениот, пренесува  pari.com.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close