fbpx
ВестиМеханизацијаТоп вести

Премини на зелено

Премини на зелено

Во сообраќајот доколку поминете на зелено , тогаш безбедно ја поминувате улицата, а во земјоделската механизација зеленото значи спокој, квалитет, заштеда.  Синпекс караванот –Премини на зелено е кампања што заедно, John Deere  и битолски Синпекс  ја организираат низ целата држава. Тракторите  John Deere  од серијата 5D не биле никогаш поблиску до земјоделците. Со „Премини на зелено“ се остваруваат многу соништа.

Вангел Гонев од с. Добрејци струмичко премина на зелено. Покрај останатата, во неговата  земјоделска механизација сега е присутен и  препознатливиот  зелен трактор  John Deere  5045D.

„ John Deere  си е John Deere , од секогаш посакував да имам трактор од овој бренд. Лани купив трактор Tafe, ама окото  и мене и на моите синови ни беше во John Deere. Сакавме да пробаме да аплицираме по некоја од програмите, но кога видовме што нуди  караванот „Премини на зелено“ не се двоумевме дали да го купиме. Зелено светло за купување имаше и од синовите, а и од сопругата Анче која воедно е управител на земјоделското стопанство на фамилијата„Геле – НЏ“ објаснува со ведар тон за Зелена берза, Вангел Гонев.

„ Одамна посакувавме трактор John Deere  и еве веќе го имаме, , вели Анче Гонева управител на земјоделското стопанство. Во стопанството „Геле – НЏ“ работни обврски има  многу. 70 крави, 50 -60 јунци, 200 овци и плус и една месарница. За сето тоа да функционира како што треба потребна е добра организација. Воопшто не е лесно, но можеби се реткост, ама моите синови Ѓорѓи и Никола, многу ги сакаат животните. Не се плашат од работа, а ние како родители мора да ги поддржуваме во она што го сакаат“, додава таа.

За потребите на стопанството обработуваат 17 ха земјоделско земјиште, така што новиот John Deere  и тоа како ќе се најде за орање, косење, балирање и што ли уште не, велат Гоневи. Среќни се што машината која долго ја посакувале сега ја имаат и значително ќе им се олесни работата која секојдневно ја имаат во изобилие.

Синпекс караванот – Премини на зелено планирано е да ја помине целата држава.

„За прв пат во Македонија се организира караван за претставување на машина која оди од едно на друго место. Не ги чекаме нашите клиенти да дојдат кај нас, туку ние, со цел да им излеземе во пресрет на земјоделците и да не им одземаме од нивното драгоцено време кога активно работат по полето, за време на паузата ние им го претставуваме одблиску овој трактор, вели Иванчо Стаматовски маркетинг менаџер во Синпекс Битола. Планирано е караванот да помине секаде каде што има потенцијал. До сега поминавме во Струмичкиот , Пелагонискиот  и Охридско – Струшкиот регион, по што планираме да ги посетиме селата во Источна Македонија и сите места за кои постои интерес“, додава Стаматовски.

Кога сме кај интересот, нема земјоделец што не покажува интерес за John Deere.

„Морам да бидам искрен, наидовме на многу позитивен прием. Ова се случува прва пат, ново е и секогаш е интересно кога ќе пристигне одненадеж една ваква работа, како трактор. Постои голем интерес, сите сакаат да го видат, прашуваат за неговите перформанси, па дури сакаат и да го пробаат, за што имаат можност, вели Иванчо Стаматовски.

Зошто е убаво да се премине на зелено?  

Моделот на трактор John Deere  од серијата 5D е многу атрактивен трактор кој излегува во две верзии 2 WD I 4WD. Ги има квалитетот и доверливоста, докажани на терен и очекувани од еден висококвалитетен производ John Deere . John Deere  со децении им помага на земјоделците да ги достигнат своите  цели. Тракторите од серијата 5D  се направени специјално да бидат посестрани, помоќни и поефикасни. Лесни се за ракување, со силни перформанси, лесни за одржување со ергономски контроли кои овозможуваат намалување на напорот за време на долгиот работен ден. Тракторот има Power Tech M  дизел мотор, дизајниран и произведен од John Deere  , со одличен вртежен момент, ниска потрошувачка на гориво и голема издржливост. Има директно вбризгување на горивото, минимален губиток на карданско вратило и голем опсег на брзина при работа.

Постигнете повеќе со помалку

Внатрешните планетарни погонски склопови ги дистрибуираат оптоварувањата на задната осовина врз три точки со што се намалува напрегањето на запчаниците и вратилата: за подолг работен век на тракторот, помалку сервисирање и повеќе време на работа. Широкиот опсег на прилагодувања на шарата на гумите ви овозможува да постигнете повеќе со само еден трактор со прилагодување на шарата на гумата за вршење различни задачи.

Новиот дизајн на хаубата во еден дел дава подобар пристап до сите важни компоненти. Операторот има совршена видливост на сите страни и  чист поглед на приклучоците. Тракторот од серијата 5D  нуди поголем капацитет  на подигање на задните полуги, од тоа што изгледа. Идеален е и за поместување товари и приклучоци дури и во најмали простори. Ергономски подобреното седење, управување и целосна контрола му обезбедуваат максимален комфор на операторот во текот на целиот работен ден.

Преку зеленото до заштеда на време и пари

 

Тракторот John Deere  од серијата 5D погоден е  и достапен за сите земјоделци во Македонија, погоден  дури и за почетници. Она што е карактеристично за овие трактори е пристапната цена која е најниска на овие пазари во категоријата   на вакви трактори. Синпекс Битола со цел да им излезе во пресрет на сите заинтересирани  ги прилагодува условите за продажба според можностите на земјоделците. Покрај можноста за купување во готово, земјоделците може да го имаат овој трактор и со одложено плаќање на  рати. Исто така може да направат и избор на гаранција од три години. Купувачот е тој што го избира рокот на гаранцијата. Секако имаат на располагање и сервисни услуги.

„Поволната камата од 1,9% овозможува на секој кој сака, а нема доволно средства да го купи на 48 рати, а планот на исплата да си го скрои самиот купувач. Дали тоа ќе биде месечно, квартално или годишно плаќање, стоиме на располагање да го направиме плаќањето на кредитот според можностите на купувачот. Сумата на ратите започнува од 199евра,“ појаснуваат од тимот за продажба во Синпекс Битола. За било какви информации за овој трактор , надлежните од Синпекс , стојат на располагање 24/7.

Покрај со караван промоција Синпекс  е присутен и на саемите ширум државата

Неодамна зеде учество на првиот Агро саем 2019 во Струмица.

Саемот беше дел од проектот „Модерно и квалитетно производство кај градинарите во Банско, Муртино и Робово“, кој се спроведува во рамките на програмата за локална демократија во Западен Балкан, финансиран од ЕУ, спроведувана преку УНДП.

На саемот можеа да се видат последните достигнувања како во процесот на земјоделското производство така и се’  она што е поврзано со него како: заштитни средства, прихрана и секако последните достигнувања во земјоделската механизација. Жешкото време не ги поколеба ниту излагачите ниту посетителите, затоа што заедничка карактеристика за сите е промоцијата на она што се работи.

Синпекс ДОО Битола како  реномирана компанија  и дистрибутер на земјоделска и приклучна механизација  на голем број странски марки, учеството на вакви  саеми е дел од нејзината работа.

„ Вообичаено ги следиме сите саеми и на повеќето од нив земаме учество. Саемите се одлична можност за промоција на она што се работи, во случајот промоција  на нашите производи што ги продаваме. Синпекс  има широка палета на производи,  присутни сме со повеќе брендови: трактори John Deere  и Tafe, производи на  Husqvarna, Grifo млинови, Agrina со цела програма, прскалки Öntar. Од страна на посетителите има интерес скоро за сите производи, но за земјоделците се најинтересни тракторите John Deere  и Tafe кои имаат многу поволни цени и услови за плаќање, вели Петар Талевски, референт за продажба во Синпекс Битола.

Саемот во Струмица го привлече вниманието не само на земјоделците туку и на обичните граѓани.

„Иако е многу жешко, а не сум земјоделец, поминав да ја задоволам мојата љубопитност, вели еден Струмичанец.

„Ова е одлично, случајно дојдов и сакам се’ да видам“, рече еден посетител.

„Дојдов да го видам саемот, посебно ме интересира земјоделската механизација. Производител сум на градинарски култури и сакам да ги видам последните достигнувања на науката, бидејќи ја немаме секој ден оваа можност. Посебно ме интересира механизацијата, а ак нешто ми одговара можеби и ќе се подновам“, вели еден земјоделец од Куклиш.

Најмалите пак најмногу сакаа да се качат на трактор. И тие знаат да препознаат квалитет. Нивната љубопитност беше најголема кај John Deere.

Павлина Јовановска

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close